Tuesday, October 1, 2013

Љубовно ветување

Постои ли засекогаш?
Прашањето стоеше врз нејзината глава како здодевен бумбар, кој се обидуваше да го одбегне додека внимателно ги редеше копиите што шефицата и нареди да ги направи пред неколку минути.Ја мразеше оваа монотонија и напнатост која владееше во канцеларијата, таа лакомост и ладнокрвност кои лесно ги читаше во очите на своите соработници. 
А времето и не беше нешто подобро,последниот пат кога провери беше за паузата за појадок и едноставно ветрот корнеше се пред себе,небото имаше добиено некоја чудна модросина боја и се спремаше за истурање.Чадорот и се искрши,уште еден лош знак за денов кој и онака од сабајле беше тргнат наопачки.Југото сабајле не сакаше да запали,па беше принудена да го разбуди Кристијан кој беше во некоја променливо расположение да ја однесе на работа со неговата Хонда.
Сепак,она што искрено најмногу и пречеше беше врската со Кристијан. Едноставно,тој земаше онака ноншалантно,како да не се грижи многу за светот околу него и тој да е центар на Универзумот. Но,сепак знаеше дека се крие многу повеќе од него , од таа навидна самоуереност и надуеност и дека се плашеше дека ќе го остави. Го сакаше , го знаеше тоа од првиот пат кога се сретнаа , оној врнежлив ден кога чадорите им се сплеткаа, а таа мораше да признае дека за прв пат во животот својата природна несмасност ја засака. Тоа што го запозна него, беше најубав подарок. И сето тоа што се случи онака набрзина, нејзиното преселување во неговиот стан, признавањето на љубовта,па дури и таа чудна желба да ја заштити од се и сешто. Но, сепак го сакаше во сите негови нијанси,па дури и кога расположението ќе му се променеше онака набрзина пред да може да трепне со очите. Сакаше да спие на неговите гради и да ја гледа својата насмевка во неговите разиграни очи, да ја преставува гордо како својата девојка, па и самиот факт што само таа знаеше за неговото мрачно минато, за таткото алкохоличар и мајката зависничка која што го напуштила кога имал само шест години,оставајќи го него со расплакани очи и лузни на телото. Сакаше да го слушна да и раскажува за себе, за тоа како и поминал денот,да заборави на сите проблеми,па дури и ако му е лута за нешто. 
Не беше совршен,но беше нејзин и тоа и беше доволно. Ноќе ги бакнуваше неговите лузни кога лежеа во креветот, среќни и возбудени,исполнети и среќни. Ќе ја држеше за рака додека не заспиеја и ќе уживаа или во некој тивок разговор или во тишината кога беше толку пријатна.
Понекогаш,беше тешко да се следи неговото расположение. Како денес , кога вилицата му се стегаше додека ја носеше до работа а очите гореа со некој кобалтен сјај. Не знаеше дали е лут на нејзе или на пораката што ја доби пред да тргнат, но патувањето и тоа како помина во некоја непријатна тишина. И искрено,во последно време некако го чувствуваше далечен.
Ги однесе документите до шефицата,која ја поздрави со едно непријатно кимнување со главата и како по обичај црвено обоените усни стегнати во една непријателска линија,погледот строг и заплашувачки. Изморено се струполи на столицата,посакувајќи да може да избега некаде далеку од сиот овој хаос во кој се наоѓаше,во постојаното преанализирање на работите, на тоа дали се е во ред, на фантазиите и филофозиите тешки неколку тони. Едноставно ,да се исклучи и да ги избрише сите свои стравови и недоумици. Но,сепак тоа не би било таа. 
Се сети и на тоа кога и кажа дека ја сака,знаеше дека е искрен,очите ја имаа таа сериозност и љубов што беше тешко да се прочита кај него. Но,дали љубовта трае вечно?
Веројатно,не. Еднаш му го кажа тоа,дека нема нешто такво како вечноста а тој само се насмеа ,го зеде нејзиното лице во своите дланки и и кажа дека за неа е спремен да оди и во вечноста и подалеку. И тогаш срцето и се стопи  и ги чувствуваше солзите на врвот на долгите трепки.
А сега,кога стигна букетот со десет црвени рози за неа ,со таа кратка порака - Те сакам . Повеќе и денот не беше облачен за неа, тој беше нејзиното сонце. И најпосле,можеби и засекогаш постои. Ги следеше љубоморните погледи на колешките и за прв пат не се грижеше за ништо. Тој ја сакаше. А тоа беше повеќе од доволно,тој нејзин дечко кој беше едноставно презгоден за да биде реален и нејзин. Ваквата среќа што ја чувствуваше требаше да биде недозволена, но само се насмевна на својот одраз во огледалото во купатилото и помисли на него.
Кога искрено се сака,се преминува преку сите недостатоци. И тогаш останува само љубовта-искрената љубов и тоа зборче вечност кое се сврзуваше со Те сакам. А капките дожд кој и се слеваа по лицето кога излезе надвор без чадор и штотуку извитканата коса не можеа да расипат ништо.
Тој и кажа - Вистинската љубов е една цела вечност за срцево, еден подарок кој можеш или да го држиш затворен и цел живот да се прашуваш што се крие во него или едноставно да се препуштиш на животот и да уживаш или да се разочараш од сопствениот подарок. Но,најубавите подароци доаѓаат во мали кутивчиња и мораш да внимаваш да не  ги изгубиш. И љубовта се крие во еден таков подарок, можеби со изгужвана хартија или завиткана во најфина хартија,но пакувањето не е важно. Важно е како срцето реагира на подарокот.Само тогаш,верувај можеш да бидеш среќен,ако не се плашиш од дождот ,ниту од сонцето и ја препушташ својата душа во тоа мало пакување кое ќе стигне на твојата адреса...

No comments:

Post a Comment