Friday, October 11, 2013

Блиску,а сепак толку далеку

Тука е на чекор до мене,а сепак толку далеку. Погледите за момент ни се сретнуваат и срцето повторно плови по тие непознати брзини на немирот и возбудата. И за еден миг се раѓаат две насмевки, но веднаш знам дека неговата укажува само на пријателство. Или барем така ми се чини,при што веднаш посакувам да можам да ги прочитам неговите мисли. И оваа негова близина е толку пријатна и толку болна, насмевката ми лебди на лицето, а срцево посакува нешто повеќе. Кога ќе научи веќе еднаш да не сонува толку многу!? Се прашувам дали е тоа смислата на љубовта, таа неизвеност што ја читам од неговиот поглед, чекање на некои зборови кои ќе родат надеж, малите допири на кои кожата веднаш се ежи затоа што не е навикната.
Само за миг се јавуваат сите желби,се јавува фантазијата која неуморно работи па дури и тогаш кога човек не ја бара. Повторно за миг гледам во него и го впивам неговиот лик и го влечкам во моите спомени. А во реалноста повторно погледите како за инат ни се среќаваат и повторно се јавува некоја нежна насмевка на неговото лице,а јас само сакам вечно да се загубам во неговиот поглед.
Чудна е и надежва,желби за нешто повеќе,за некој бакнеж,две насмевки,недоискажани зборови и прегратки.Чудно е да е тука до тебе,а сепак да знаеш дека е толку далеку од тебе. Но,уште почудно е како погледите играат во тој непристоен танц како бакнежи без допири. И две насмевки кои лебдат во воздухот а една посебно си игра со моево срце. А ние сме тука,еден до друг.Блиску а сепак чувствувам толку далеку...

No comments:

Post a Comment