Monday, October 7, 2013

Оптимизмот од сонцето или од него!?

Ги сакам оние сончеви денови,па дури и кога Сонцето воопшто не топли.Едноставно,оптимизмот кој произлегува од самата светлина е доволен да ме топли цел ден,па дури иако подоцна сто процентно ќе се пожалам дека времето е за никaде и дека умирам од студ. Но,ако подобро сонце отколку дождови или некое облачно време кое едноставно те тера во депресии,па дури и да си највеселата личност на планетава.
Денес е еден од тие сончеви денови,кога и расположението е на добро ниво,па дури иако на факултет те чекаат некои огромни количества на неразбирлив материјал кој се купчи пред тебе за еден ден пред да можеш и сам да се соземеш. Но, што има тоа врска па кога времево е едно од оние потоплите сончеви денови,еден од ретките можам да нагласам во овој Октомври како што забележувам до сега.
И ете на пат до автобуска,брзајќи како по обичај , се среќавам со еден мој пријател што го немам видено некое добро време. А да не напоменам,дека некое време беше една тајна симпатија па дури и сега кога ќе го видам едноставно се раѓа некое чудно чувство кое веднаш ми го подобрува расположението и ме тера да се смеам како некоја будала која не наоѓа никаква мана на светот. И тоа колку го сакам тоа чувство на слобода и безусловна среќа што тој толку лесно може да ја пробуди. Во тие моменти сум некој невиден оптимист што човек да ме слушне ќе си помисли дека не наоѓам никаква грижа во ништо. Како по обичај следи една добра партија на гушкање, неколку ретардирани насмевки на луѓе кои се немаат видено долго време и едноставно тоа изгубено чувство во душата кое се враќа да прогонува (Хм,зарем навистина!?). И мислам,ете го повторно почнува со тие негови шеги на кои човек и да сака не може да не се смее.А со разговорот кој се движи во непредвидливи насоки (Која ли функција беше тоа?) стигнуваме до факултетот.Сериозно,мора ли секогаш да се заврши со таа тема која не сакам да ја начнам затоа што имам толку импресии од кои повеќе од половина се негативни?
-Па,како на факултет академски граѓанину?- Ме гледа со насмевка при што за миг заборавам дека чекам и автобус кој веднаш доаѓа. Се качуваме ( Е ,сега имам слободна нема плаќање на карти :P ) и седнуваме на горниот кат како по обичај. Ја местам црната чанта внимателно на колениците и се вртам кон него. Мислам,сериозно дечково се разубавува од ден на ден или така ми се чини!?-И не ми одговори.Како е фармацијата деновиве малечка?
-Хм...- Гледам во неговото насмеано лице,долгите клепки,полните усни,дневната брада,насмевката која игра во неговите очи.И раката која некако „случајно“ се наоѓа до мојата рака. - Па,онака.Што знам.Искрено да ти кажам и не ми прави некој мерак.Распоредот прво ми е крш,барем првите три дена со некои огромни астрономски дупки,а да не ти споменам и дека имаме пауза од седум минути на секој саат,можеби и десет,но поретко,а понекогаш може и по саат и половина да си слушаш некои предавања. 
-Хахахахаха.До толку ли?
-Бегај,факултетов чиниш НАСА е. Едно огромно книгиште што го имам да те треснам во глава на место ќе те здрви.Некои добри 1200 страни. Не е бе многу така.
-Сериозно?-Гледа вџашено во мене.А јас искрено,сакам да се прегрнам самата себе што го гледам.
-Да. И да не ти споменувам за математика,некои функции што се чудам кај ќе ми затребаат , со ипсилон еднакво на синус од икс по пи врз икс и не знам уште какви лимеси,логаритми.Кажи ми што ќе ми се тие?
-Е па кога ќе ти биде досадно во аптека,ќе си отвориш да си земеш да решаваш.
-Добро,заебавај се со мене.Ќе видиш кога ќе ми дојдеш во аптека,со мене ќе играш кој побрзо ќе реши логаритам од искта.
-Хахахахаха,мислиш знам што е тоа?
-А демек мислиш јас знам што е?
-Еее,паметна си ти ќе сфатиш.-Раката се доближува до мојата а срцето еден момент пропушта некоја систола или дијастола,не сум сигурна во негова близина.Зошто делува вака позитивно врз мене.Па ,дури и математиката не е толку тежок проблем.-А другото?
-Па,добро си има многу учење,многу формули а се нема време. Само викенди,а знаеш веќе човек сака да излезе.-Ги кревам рамениците и се смеам со него.Искрено,на ова само фали некоја музика за едноставно,сценава да ми излезе како преснимена од филм.
-Ајде,ќе биде.Кога ќе бидеш госпоѓица со титула магистер,нема да ти смета ништо.
-Е добро,веројатно не.Како знаеш да ја најдеш позитивната на се?
-Ееее,и за тоа се треба талент.-Ми намигнува,а јас едноставно заборавам на се. Искрено,за момент само мислам на минатото,на тоа колку тој ми значеше а никогаш не му кажав тоа,за сите убави денови поминати во скитање и правење на глупости како изведување на сцени од некои серии како на пример паѓање на бетон затоа што така паднал Михаил од Медикоптер ( Веројатно беше вака) .Позитивно е да се сетиш на минатото,на игрите на жмурка и други глупости кои ќе ми текнеа во моментот иако искрено и не знам од каде толку фантазија,на долгите скитања мерејќи ги улиците и испитувајќи плоштина и должина на нив. Ете, математиката и тоа како може да послужи. 
Се поздравуваме за кратко време затоа што тој се симнува,а јас додека се возам сеуште ја имам таа чудна насмевка на лицето иако одам на добри шест часа математика кои служат само да ме збунат. Но,нема врска. Рафа е прво место на АТП а еве го и дечково тука покрај мене до пред некоја секунда.Па,што да бара повеќе човек?
Еј,може да ми текнат некои илјада ситници,но да не навлегуваме во детали. Убав е денов,сонцево и оптимизот,па дури и индукциите и долгите формули по биофизика. И повторно го анализирам него како секогаш,на лицето таа чудна насмевка која не се симнува. Па,добро викаат ни ставиле математики и биофизики некои што подобро знаат од нас.Можеби и  е така ,не велам не. Можеби еден ден ќе ми бидат потребни тие косинуси,тангеси,биномни равенки и неравенки...
Но,денес искрено и не им гледам некој корист да не се залажуваме. И додека професорот предава некои фасцинантни теми кои моментално ги чувствувам малку надвор од мојот досег (но,добро де па и не ми се некоја научна фантастика,онака малку...) задоволно ги цртам во тетратката некои модни дизајни кои искрено и не личат на ништо и мислам на него. Има прекрасна насмевка и очи , ја има таа енергија која ја брише целата тага и ја претвора во една задоволна песна. И еве ме, сега како и секогаш со незапирлива фантазија,со ѕвезди кои ѕиркаат на темното небо без сонцето кое ми заминало,со неколку коефицинети повеќе или помалку (па,добро имаме и минус и плус кај равенката,сега не е толку лесно да се пресмета).Но,не е важно. Расположението е на ниво,мислите бегаат на некое завидно место,а ноќта и денот се преклопуваат со едно име.А факултетот... Е,тоа нека остане за друга приказна...

No comments:

Post a Comment