Thursday, October 3, 2013

Биди љубов,биди среќа :)

Биди среќа,биди насмевка. Разбуди се со сонцето и не мисли на поспаноста,мисли на ова како уште еден убав ден. Не можеш да ја најдеш убавината !? Сонцето што те грее,не е доволно? Луѓето што те опкружуваат!? Сакај со сето срце, без разлика колку пати те повредиле, се во животот се враќа. Или барем верувај во тоа,не се затворај пред скршено срце или некој што некогаш те повредил. Прегргни го светот кога се оддалечува од тебе и погледни во сафирното сино небо кое е без ниедно облаче и заплови во своето најпријатно сеќавање. Но,насмеј се затоа што најубавите работи се случуваат на луѓе кои се позитивни и веруваат дека ја заслужуваат среќата.
Се сеќаваше на првиот ден кога ги прочита зборовите во тетратката на другарка и. Само незадоволно преврте со очите и пред неа го искина листот , сакајќи да го види шокот во нејзините очи,да научи и таа дека животот не е бајка,дека може да биде и тоа колку голема болка. Но,другарка и само помирливо кимна со главата и ја прегрна. И за прв пат во животот ги чувствуваше солзите во очите не знаејќи точно од што произлегуваат. Се чувствува инфантилно што беше љубоморна на другарка си затоа што имаше се што можеше да посака, прекрасен дечко,пари,семејство што ја сака и подржува.
Не сакаше во тој момент некои среќни и позитивни размислувања кога дечкото и почина во сообраќајна несреќа. Не можеше да гледа среќа во сонцето, кога беше замаглено со темната прашина што и остана во очите, темна како неговите очи. Не можеше да го отвори срцето пред помислата на нови почетоци и среќа,кога знаеше дека нема повеќе да го гушне, ниту види,никогаш повеќе нема да може да се потпре на неговите гради и да го слушне неговиот глас како и кажува дека ја сака. Не може да го почувствува повторно сонцето и да се смее искрено, само сакаше да се повлече и да плаче додека не се измори,да ја исфрли од себе таа тага и болка кои и го раскинуваа срцето. Сакаше да ја гушне неговата слика кога тој веќе беше далеку. А таа мантра за среќа и се виде само обична глупост, приказна за некој кој не знае колку болен може да биде светот.
И сега кога повторно ги читаше зборовите во книгата од нејзината пријателка на првата страница, едноставно се сети на тие денови. Ги затвори очите и се обиде да се соземе повторно со спомените кои надоаѓаа од тој дечко кој многу го сакаше.Поминаа добри петнаесет години од тогаш, но се и се чинеше како да е вчера. Само што токму тие зборови и токму тој ден станаа пресвртница во нејзиниот живот. Беше бесна на сит, на себе што не направила ништо,на судбината што е толку сурова да одземе едно дете кое имаше толку пред себе,на другарите што толку лесно продолжија напред,на времето што не знаеше да застане и да ја излечи болката. Но,за прв пат почувствува некој покрај себе, некоја смисла во зборовите па дури и да ја мразеше сама смисла што ја преточува животот во неколку едноставни реченици.
За прв пат разговараше толку долго со некого кој ја слушаше без притисок , без утешни зборови дека времето ќе ја излечи болката,дека не треба да плаче. Плачеше во прегратката на својата другарка и се чувствуваше како права кучка што го искина тој лист. Подоцна дозна дека мајка и , вистинската мајка која починала при пораѓање, и го оставила тој лист хартија. И за прв пат не се чувствуваше толку осамена, како да имаше некој кој ја разбира. И се чувствуваше ужасно што и го одзема тој спомен на другарка си кога само сакаше да и помогне.
Многу време помина од тој ден. Сега кога ќе се сети на тоа, сфаќа колку била недозреана иако мислела дека знае се. И сликата на своето семејство ќе и се појави пред очите и знае колку е среќна.Сеуште го има тоа парче на недовршеност и тага во себе,но го сака и тој дел. Го сака сеуште тој дечко кој ја научи на толку многу работи. Но,знаеше и дека ова е животот, една недовршена трагикомедија,затоа што еден соодветен епилог никогаш нема да има.
Ќе има многу денови кога ќе се чувствуваш бесно,осамено и тажно. Многу денови кога мислиш дека животот не е фер,или едноставно дека се оди покрај тебе. И што е најважно треба да се ослободиш од  чувството на вина за некои работи кои се надвор од твојот досег. Препушти се на љубовта и на среќните моменти,исплачи се ако е потребно,извикај се ако од тоа ти е подобро. Но, знај дека покрај тебе секогаш ќе има некој кој ќе те сака и ислуша. Секој има некој за секого, секој има кој ќе те сака без разлика на се. Најважно,малечка е да се ослободиш од болката што може да ти ја донесе животот,осаменоста, љубовта,па дури и загубата.Има луѓе кои немаат ништо а сепак ја пронаоѓаат среќата во наједонставните работи. Можеби и така е подобро. Знај дека ги сакам сите луѓе на светов, но тебе најмногу. И тоа нема да се смени и без разлика на секогаш ќе бидам горда на тебе. И во тие твои најосамени ноќи кога немаш никој покрај себе, само погледни во небото , види ја најсјајната ѕвезда и насмевни се. Остави ја болката да слезе од твоето тело како некое парче облека и затвори ги очите. Во животот се трае кратко,и болката и среќата. Но,важно е што ќе одлучиш ти да правиш со себе,дали ќе се препуштиш на среќата или ќе се препуштиш на мракот кој сите го носат со себе. За да бидеш среќна,првин треба да ги симнеш очилата за сонце и да не се плашиш дека ќе ослепиш од сонцето. Денес и утре и засекогаш ќе бидам со тебе како твоја утеха. Срце,ова е животот ништо во него не е фер,сите се борат за опстанок,никој не сфаќајќи дека човекот не остров и дека треба да сака и да се смее почесто а не да се грижи за се и сешто. Затоа избриши ги солзите, насмевни се и дозволи му на сонцето да ти ја погали кожата.Биди љубов,биди искреност,биди мир. Биди секогаш ТИ и не дозволувај никој да те промени. Напиши ја сопствената приказна со среќа и радост затоа што секогаш имаш причина за тоа. И на крај, само сакај искрено и безгранично,не се плаши од ништо.Затоа што само така ќе можеш да бидеш целосно исполнета...

No comments:

Post a Comment