Tuesday, October 15, 2013

Љубовта во твоите очи :)

Сакам да кажам збогум,да ги затворам очите и да не мислам на сето она што го имаме поминато.Сакам само да имам храброст да заминам од тебе,затоа што ме повредуваш така лесно,што ми даваш надеж а потоа се повлекуваш. Сакам да се свртам од тебе,да не се осмелувам да те погледнам и да заборавам на сите мои чувства. И уште повеќе,сакам да заборавам дека некогаш сме постоеле. Но,како секој ден љубовта преовладува над разумот и повторно се фрлам во твојата прегратка,како тоа да е најсигурното место на светот...
Се гледаше несигурно во огледалото кое стоеше на ѕидот во својата перфектна положба. Воздивна еднаш, погледна во својот одраз и едноставно се загуби во песната која свиреше од лаптопот во таа нежна и романтична мелдоија која толку лесно будеше спомени на кои не сакаше да се навраќа.Ги затвори очите,се обиде да дојде во својата рамнотежа. И повторно во мислите и се провлече тој со таа негова најубава насмевка која пред некое време го започна овој чуден немир кој толку лесно се раѓа во градиве. 
Признај дека го сакаш...- Рече на одразот,чувствувајќи ги солзите во очите.Се мразеше себе што си дозволува да биде олку слаба,да заборави  на чувствата што лесно се јавуваа кај неа,сето тоа што го сакаше и мразеше кај него. Се сеќаваше на првиот ден кога сфати дека го сака,на таа збунетост и насмевка која и леташе низ лицето кога беше со него. И фактот што се заљуби во него,затоа што само тој ја сакаше на тој негов специфичен начин.
Го зеде црвениот кармин и ги намачка усните,тонејќи во таа чудна меланхолија. Иако реално зошто беше меланхолијата?За сите спомени кои едноставно не знаеше дали се повеќе среќа или носат само тага?За оној стариот дечко кој ќе стореше се за да биде нејзино најголемо богаство а сега се загуби по некој чуден пат по кој таа тешко можеше да го следи.Сакаше да си замине од него,да му ја плесне вистината во лице,дека повеќе не е оној што ветуваше дека секогаш ќе биде. Но,нешто беше посилно од неа. Љубовта,сакаше да си викне на себе,на тој странец кој зјапаше во неа со тој замаглен и заљубен поглед,со тие желби кои се читаа во нејзиниот поглед. Само си дозволи да ги поткрене рамениците и за миг да се препушти на рамнодушноста.
И покрај сите кавги,сета љубомора,сето патешествие,знаеше колку и значи тој. Сакаше да си замине, сакаше да не знае повеќе за него,сакаше да биде таа девојка со ледено срце која не простува. Но,знаеше дека е посилна од сето тоа и го мразеше тој факт. Ја мразеше и љубовта како збор,тоа што навечер пред спиење и се моташе низ мислите,тој со таа насмевка,со сите негови недостатоци што ги сакаше, со сето она што го правеше него посебен. Сето она што го засака кај него и во љубовта. Повторно,тој збор,по ѓаволите...
Се облече,доведувајќи го својот изглед до перфекционизам. Сакаше да го види повторно,да не ја заебе овојпат и да не дојде кај неа. Сакаше да му каже дека го сака, да заборави на се,сите негови маани и едноставно да се исклучи од целиот овој ужасен свет кој носеше само проблеми.
И тогаш тој. Едноставно ги обвитка рацете околу нејзината половина и ја погледна со таа занесувачка насмевка и тој сјаен поглед што го забележа во одразот на онаа девојка која личеше на неа во огледалото.Сакаше да ја држи вака близу до неа и да не ја пушта никога.Сакаше ноќва да трае вечно,да се загуби во тој долг и совршен поглед,во тој страствен бакнеж кој и докажуваше дека има право. И покрај се,покрај сето чекање,сета болка тој беше тука. Тој беше вистински. И го сакаше,па колку тоа да изгледаше погрешно,колку и многумина да не ја разбираат. Во неговиот поглед прочита дека и тој ја сака , на некој чуден егоистичен мачо начин.Желбите ги остави настрана и си дозволи да го расипе црвениот кармин кој се претвори во една љубовна трага на неговите усни. 
Гледаа маѓепсано,гледаше во него,во тој дечко кој правеше да се чувствува на седмо небо,како земјата да се поместува,како светот да се менува покрај нив. И ништо повеќе не и беше потребно од тој доказ,па дури и да беше мал.
Си дозволи да се загуби во моментот,во среќата,во сето она што сеуште не беше доволно објаснето. Па,дури и тоа да значат солзи и нервирање...
Подголтна,чувствувајќи како срцето доживува некои нови непознати брзини.Ја подигна главата,ги обви рацете околу неговиот врат и се загуби во сето она што го чувствуваше во моментот.А сите прашања и недоумици останаа кај онаа несигурна девојка која изгледа заборавила дека срцето е посилно од разумот.
Го сакаше,само тој правеше да се чувствува толку жива,среќна и исполнета.И само така,рака под рака го гледаше светот во едно поинакво светло...
Кога ќе станете уличните светилки кои треперат како срцево,како пожолтените лисја кои едноставно се препуштаат на милувањето на ветрот,како капките дожд кои се борат против нечистотиите и ја бришат болката , тогаш ќе можете да ме разберете. Затоа што јас сум љубов, јас сум среќа и тага, јас сум неизбежен дел од вашиот живот.Купидон,Љубов,како сакате викајте ме. Еден ден можеби ќе ме сретнете,но нема да ме препознаете. А во вакви денови како  денес едноставно насмејте се без оглед на проблемите.Затворете ги очите и помислете на тој специјален некој за кого срцето ви чука на тој поинаков ритам. И само така сетете се на виножитото кое се јавува после дождот и препуштете се на моментот. За денес ,утре и засекогаш.За сите моменти кои поминале и за многу моменти во иднината исполнети со љубов...

No comments:

Post a Comment