Wednesday, October 9, 2013

Ништо не трае вечно,само моментов :)

Некои работи не траат вечно,сега го знам тоа додека гледам во брановите и синото пространство пред себе кое едноставно ме потсеќа на неговите очи.Мислам,којзнае можеби и секогаш сум го знаела тоа,но никогаш не сум го прифатила,секогаш сум се залажувала со таа надеж која тлее во срцето и ја распламтува оваа моја нескротлива фантазија.
Но,исто така знам дека повеќе не го сакам тоа вечно,го сакам моментот,ги сакам сите наши спомени кои се загубени некаде под сите овие ситни зрнца песок на кој седам. Ги прегрнувам колениците и гледам наоколу,чувствувајќи како ветрот си игра со косата. Солзите надоаѓаат и заминуваат во очите,се обидувам да се насмевнам ,но знам дека како по обичај добивам само бона гримаса. Ја чувствувам само оваа празнина во срцето, желбата повторно да го видам,да го гушнам,да ги признаам сите тие зборови кои сега ми создаваат само мака. Ги затворам очите и се губам во просторот и времето,мислам на нашите спомени,на тоа лице кое истовремено е и болка и надеж. А моментално ја мразам надежта,ги мразам сите тие глупости во кои некогаш сум верувала. Едноставно,треба човек да сфати дека љубовта и семејството се најважните работи,не да трча по некои навидум лажливи работи. 
Ги отворам очите и повторно мислам на него,гледајќи во сите среќни парови кои се шетаат во близина,мислејќи дека животот е вечен,љубовта е вечна. Но,сакам да бидам една од нив заедно со него,да уживам во спомените. Сакам повторно да уживам во недостатоците кои некогаш ме нервираа. Сакам повторно да е тој дечко кој во фаца ти ја плеска вистината и не се занимава со некои работи како што се култура туку веднаш преоѓа на проблемот,искреноста и љубовта која ја читав секогаш во неговиот поглед. Па ми фали и таа несигурност што секогаш ја имав и прашањето Што гледа тој во мене? Знаете,кога ќе загубите некого што толку ви значил едноставно останува празнината,скршеното срце и осаменоста која лебди околу тебе и не те напушта. Го вдишувам чистиот воздух и станувам од плажата претопувајќи се за миг со луѓето и во таа навидум просечност која ме опкружува,сите проблеми кои ме опкружуваат.
Сфаќам колку ми недостаува тој до мене,малку повисок од мене,да се насмее онака карактеристично и да знам дека ме сака како некогаш. Без многу зборови и убедувања,само една реалност која е толку јасно запишана во тие секогаш разиграни очи.Ми се чини дека за миг го губам воздухот додека сфаќам колку го сакам и која будала сум.Сакам да се дерам на себеси,сакам да биде тој тука со мене,да ми каже дека сум смотана,но дека и покрај тоа ќе ме сака. Сакам повторно да ги бакнувам тие полни усни,сакам да се загубам во неговиот поглед,да ја осетам неговата топлина на моето тело,да лежам на неговите гради и да се смееме за безвезни работи. Ги чувствувам солзите кои ме напаѓаат и одвај се воздржувам да не се расплачам. Го сакам. ТОлку е едноставно при што не знам зошто мора човек да ги комплицира толку работите.Ги гризам усните,чувствувајќи ја нервозата како се шири низ целото тело и сакам само да стигнам дома и да легнам држејќи ја неговта слика. Кога тој беше покрај мене,се изгледаше толку убаво,едноставно и неверојатно. Но,знаеш човек не сфаќа дека љубовта е едноставно таа среќа по која цел живот трагаме и често си ги разминуваме патиштата. А јас свесно ја пуштив да си замине.
За миг чувствувам нечија рака како се преплетува со мојата и срцето чука со истата онаа брзина како некогаш.Се вртам и го гледам покрај мене,облечен во црвена блуза и тој тажен поглед,за миг обидувајќи се да сфатам дали халуцинирам или тој е навистина тука. Ја пуштам солзата да се слее по образот и тој ја брише.
-Да не комплицираме премногу малечка. Не можам вака повеќе.- Ми кимнува со главата и ми го гали лицето. А јас едноставно се претопувам со тоа познато милување кое предизвикува познато струење кај мене.
Само климнувам со главата и поцврсто ја стегам неговата рака како сигурност дека е овде.
-Не заминувај никогаш повеќе.-Ми шепоти додека се навалува до мене и ја чувствувам таа позната блискост и трепет кога ми го бакнува вратот.Го гушкам среде таа мешаница од луѓе,не грижејќи се за сите тие чудни погледи,за озборувањата и мислењата. 
Го вдишувам неговиот парфем и ништо повеќе не ми е важно кога тој е тука со мене. Можеби ништо не трае вечно,но за момент како овој и тоа колку вреди да се живее. Се спојувам со тој долгопосакуван бакнеж и тивко и двајцата шепотиме во ист ритам со биењето на срцето Те сакам. И за денес и за утре и не знам до кога,но за момент како ваков човек може само да сонува. И додека го чувствувам благото сонце над мене,само сакам да се загубам во овој момент.За сега тоа ми е доволно...

No comments:

Post a Comment