Thursday, November 14, 2013

Желби ...

-Еееј,што правите?- Набрзина се поздравува со другарите и згодните девојки кои гледаа провоцирачки во него. Насмевката му е лажно прилепена на лицето и веќе му стана навика што речиси и самиот веруваше во тоа дека може да биде среќен. Да не го потсетуваа модринките и чудната болка која му стегаше градите и не знаеше како да ја објасни. 
-Давид,брат ти текна да дојдеш.- Се насмевна Марио, уживајќи во цигарата која му ги полнеше градите и му помагаше да заборави на проблемите. Му се допаѓаше тој чувство кога едноставно целиот свет се губеше под чадот што излегуваше од устата.
-Еве сум. -Слегна со рамениците и извади една цигара од џебот. Никола извежбано му го подаде упаљачот и можеше барем да си дозволи еден момент да заборави на сета тага и глупости кои му се вртеа низ главата.
-Од кога отиде на факултет те нема.Што стана академски граѓанин кој решил да се посветил на учењето?
-Не ме заебавај брат. Мислам учам онака повремено,но... Знаеш веке,журки,глупости...- Слегна со рамениците и погледна во небото. Колку сакаше да може да биде слободен и да ужива без грижите за минатото и иднината кои сега се спојуваа во една ужасна реалност...
Поседи некои добри четириесет минути а подоцна со Виктор станаа заедно со изговор дека ќе одат да купат нешто за носење. Му требаше барем малку време насамо со Виктор,да може да разговара со некого и да ги сподели сите овие глупости кои му се вртеа низ главата. Ги затвори за миг очите додека тргнаа накај Рамстор,во обид да се сконцентрира на зборовите кои му тежеа во грлото.
-Што се случило?Што ќе купуваме?- Виктор погледна збунето во него,обидувајќи се да долови барем нешто кај Давид што ќе му помогне да сфати за што се работи.
-Знам дека не можам да те излажам и тебе.- Давид се насмевна,но овојпат знаеше дека насмевката е искрена. Му фалеа „сеансите“ со Виктор сега кога се гледаа поретко. Обврски на факултет и се останато откако завршија. И ова чудно освестување за светот кое го удри во глава.- Ееех,не знам од каде да почнам. Многу нешта се случија и оваа бедна реалност од животот ми удри во глава. Избегав од дома...
-Што?- Виктор гледаше вџашено во него со подотворена уста, привлекувајќи неколку зачудени погледи кон нив. Збунето слегна со рамениците кон луѓето во близина и продолжи да оди покрај Давид.- Што си направил?
-Избегав од дома.Не можам веќе да седам таму човек. Не повеќе... Не знам како се случи ова,но од кога дознав дека мама е... Виктор,ќе те убијам ако кажеш некому за ова ти се колнам...
-Што се случило?Знаеш дека можеш да ми веруваш.
-Ја видов мама пред МТВ пред некој ден.- Зборовите му ја кинеа душата и повторно солзите навреа во очите.-Таа... Беше со клиент. По ѓаволите Виктор збеснав и го претепав кучкиниот син.Мислев... Мислев и се заканувал или слично.На крај дознав меѓу нејзините врисоци и крвта на рацете дека таа е... Проститутка. Дала отказ на работа и сега работи таму. И не знам се скрши цела доверба во светот што ја имав.Таа ми беше се,мислев дека можам да и верувам.А сега ова...
-А човекот?Што направивте?Да не те тужи?-Виктор со неверување гледаше во него.Добро,детево ќе има некогаш мир?
-Не,се договоривме некаде.Но,не можев да издржам повеќе. Ми се чини дека цел живот се срушил пред мене.А тато којзнае кај е. Повторно некаде избегал со оние пијаницине... По ѓаволите!- Ја чувствуваше горчината во грлото и тишината која го уништуваше.
-Кај седиш сега?Да не ти треба преноќувалиште?
-Отидов кај еден другар.Ми кажа можам да останам.И најдов работа како келнер.Не знам,ми се чини сите работи ми се лизгаат низ раце.Како повеќе ова не сум јас и немам контрола врз себе.Се губам полека. Направив една глупост вчера.И се јавив на Ана.
-На Ана?-Збунето ја поткрена веѓата.-Нели не ја сакаше ич?
-Не знам.Последниве денови размислував и сфатив колку сум неправеден кон неа.И сфатив дека некои чувства ми се измешале во градиве.Размислував за неа и само за неа. Без зборови само неколку чудни сеќавања на кои не можам да им најдам смисла. И фантазиите ми се само за неа. Ја сонував во бела ноќница и црвен кармин,бушава коса како се буди покрај мене.Никогаш во живот не сум бил поспокоен.Ми се чинеше дека можам да ги почувствувам нејзините бакнежи и... Сфатив дека ако сум во неволја таа е првата на која би и се јавила. И вчера се степав со едни и... Не знам,посилно беше од мене да го завртам нејзиниот број.- Слегна со рамениците. Ветрот му ја бушавеше косата и во сите девојки искрено се надеваше ќе ја најде неа.Зошто,не можеше да објасни. 
-И ти се јави?
-Не и спуштив пред да крене. Но,не знам што ми е.Како некој вирус да ми се вовлекол во телото.Што ми е со неа,не сфаќам.Нема ништо посебно,ниту некогаш сум ја сакал,ниту ми се свиѓала. Мислам дека полудувам.
-Брат,мислам дека само треба да разговараш со неа.-Виктор задоволно се насмевна.Конечно да му дојде памет...
Збунето слегна со рамениците и се препушти на ветрот кој му ја бушавеше косата,во сета гужва во која се губеше,во сите желби и глупости кои му се вртеа низ главата.Сакаше се да биде едноставно како некогаш,да не мора да се нервира за такви глупости. Сакаше телесната болка да стане поголема од оваа душевната,но знаеше дека тоа нема да биде возможно. Сакаше да ги затвори очите и таа да биде овде.Сакаше да заборави на се... Но,знаеше дека тоа се само желби...

No comments:

Post a Comment