Sunday, December 15, 2013

Кога не постојам


Мрзливо се протега во креветот, постелнината му е слепена за жешкото и испотено тело. Грлото му е суво и го пече, главата го боли ужасно како некој со скалпел да му извршил хируршки зафат а тој не бил свесен. Ќе треба да се напие два-три Аспирина да му помине коге ќе стане. Ги оближува усните и ги отвора полека очите како да сака да се увери дека е жив и дека се вратил во реалноста. Посега бавно по телефонот на ноќното масиче и забележува дека е девет часот и педесет минути. Сеуште е рано, може да поспие уште неколку часа. Не треба да оди никаде, никој не го чека. 
И повторно пред очите се јавува тој кошмар кој му ги стега градите и му оневозможува да дише. Се поткрева и се бори гладно за воздухот кој наеднаш го снемува. Ги чувствува капките пот на челото и станува бавно од креветот, држејќи се за ѕидот. Повторно се чувствува за никаде, повторно ја чувствува вината која му ги полни градите со болка и полека му го одзема целиот воздух. Ја соблекува кошулата со која заспал вчера затоа што очигледно бил премногу пијан за да се сети дека има поважна работа од тоа да избега од сопствените кошмари. Го отвора балконот и ужива во свежиот и ладен демеквриски воздух кој се бори да ги избрка демоните од неговото тело. Ги затвора очите за миг,чувствува како ветрот му ја бушави косата. И повторно солзите кои се појавуваат на лицето како потсетник за тоа што го изгубил затоа што е ваков. Еден обичен будала кој мислеше дека може да го има најдобро од двата света. И парите и љубовта... А во професија како неговата, тоа беше невозможно. 
Се чувствува толку мрзливо денес, најдобро само да остане во хотелската соба и да заборави на останатиот свет. Гледа во оловносивите облаци кои се надвиснуваат над градот како предупредување за нешто што не може да го сфати, депресијата и носталгијата повторно се тука да му досаѓаат како некогаш. Превртува незадоволно со очите, обидувајќи се да им избега на духовите од минатото. Ја затвора врата од балконот и влегува внатре во хотелската соба која мора да признае дека е прекрасна. Како и да не биде, кога плаќа за луксузот што го опкружува. Нели е смешно!? Човек има пари да си обезбеди толку многу од светот, а сепак се чувствува толку осамен заробен во сопствените кошмари и во оваа соба која го гуши а истовремено е и некоја чудна утеха. Го плакне лицето со ладна вода и збунето го гледа својот одраз во огледалото. Не изгледа на ништо, како некое зомби кое нема друга работа па дошло на светов да плаши. Очите му се црвени и подуени, главата го распрскува светот на илјада парчиња кои не може да ги состави, устата му е сува. Пие вода од раката и немарно со мокрите раце преминува преку косата. Не сфаќа што гледаат женските во него, не се смета за привлечен, иако изиграва фраер со некое си драгоцено его. Особено не денес...
Ги затвора очите и се фрла на кожната софа во малата дневна. Мобилниот не ѕвони, барем тоа го сфаќа како добар знак. Никој не го вика на работа, не може да се соочи и денес со фактот дека ја има најретардираната работа на светот заради која ја загуби својата душа и девојката што ја сакаше со сето срце. 
Вади цигара од џебот и го зема упаљачот кој по некоја случајност се наоѓа на масата и немарно ја пали, не грижејќи се дали може ќе се запали алармот за пожар. Забележува дека прозорецот е отворен иако не може да се сети кога го отворил. И онака сеќавањето малку му вреди, особено денес. Ги склопува очите и вдишува од белиот чад кој му ги пече белите дробови затоа што го задржува премногу. Убаво е ова чувство, го потсеќа дека е сеуште жив. И повторно се враќа на кошмарот кој го мачи сето ова време, додека ја масира беспомошно главата која му се чини секој момент ќе експлодира. 
Секојдневно е истиот кошмар кој му се врти неповрзано во соништата. Кога ќе се разбуди секогаш е жива вода, срцето му чука како да е на некое рели патување, главата го боли и се чувствува празен. Понекогаш се сеќава јасно на сонот кој знае дека е реалност, понекогаш се буди со одредени фрагменти. Но, секогаш знае дека ја сонува неа во последните моменти. Ги затвора очите и повторно го гледа истото. Ја открива неа, која го следела со малиот црвен автомобил. Избива кавга, спремен е и да и го скрши срцето само да си замине затоа што знае дека е опасно за неа. Можеби и затоа што не сака да знае дека дечко и е платен убиец. Таа е бесна, вика по него, го прашува глупости од типот со кого ја изневерува. Се обидува да ја смири, не сака да ја слушнат но не успева. Пред да се освести и да може да ја спаси гледа една црвена точка насочена кон неа. Извикот му останува на грлото, не може да скокне навреме и да ја замени, нејзините очи се скаменуваат во неверување. Паѓа на земјата а тој ја задржува во прегратка. Ја моли да не си оди, да не му го прави, да не умира заради него. И кажува дека ја сака, дека му е единствена светлина во мракот, таа му подарува една најубава насмевка која го боли и му ги кине градите. Изгледа толку слабо, толку кршливо. Му кажува дека и е жал, иако тој се чувствува како најголемо гомно на светот. Се обидува да ја спаси, да го запре крварењето, но само ја гледа крвта која му се лизга низ рацете. Ги склопува очите и заминува засекогаш, додека тој вика како рането животно кој изгубил се. Ја моли да се врати, но знае дека назад. И не се сеќава од каде ја наоѓа силата, животот му нема повеќе смисла. Тргнува напред, не чувствувајќи кога куршумот му пролетува и го погодува во ногата, само мисли на одмазда и на беста... И по некое време ја губи свеста и самиот тој. Но, сепак преживува и тоа е најголемата казна која можел некогаш да ја добие.
Се враќа во сегашноста и го издишува чадот кој му ги полни немарно градите. И таа беше како пареава, речиси нереална и предобра за да биде негова. Посега со раката кон белата магла, но таа веднаш ја снемува. Му се врти светот, додека оди да си сипе виски. Нели е иронија животот!? Ги навлажнува усните со најдобро виски, сфаќајќи како секогаш дека нема ништо. Се осеќа за нигде, сака да замине барем еден момент подалеку од спомените. И знае дека никој не го мрази повеќе од тоа колку што се мрази самиот себе. Ја гаси цигарата во пепељарата и го затвора прозорецот. Минлив е животот, исто како денот и овие облаци кои малку се разведриле. Сака да врне, сака дожд, сака омраза и бес. Било што, само да изчезне еден момент болката. Не сака да има чувства, сака да заборави на вината, на светот што го опкружува, на тоа омилено лице кое нема да го види никога. Но, нема да се случи ништо од тоа. Се врти збунето и чашата му паѓа од раката. Устата му се отвора,повторно го губи здивот. Срцето му чука забрзано, тој се обидува да си ги смири мислите додека гледа во сеништето.
-Ти? -Гледа во девојката која ја сакаше повеќе од се. -Реална си?
-Да. -Му подарува една насмевка која не личи на онаа нежната и го вперува пиштолот во него.Некоја насмевка му бега на лицето и за прв пат се чувствува реален а не некој лик од заебан роман. -Здраво...



2 comments:

  1. Во изминатите 4 месеци бев толку депресивен и болно повреден кога изгубив девојка од друг човек, а ситуацијата со моите пари исто така се влоши што помислив дека ќе морам да поднесам банкрот. Имав огромен долг и не знаев што да направам. Од целосен и целосен очај, контактирав со многу од оние таканаречени индивидуи кои ветија моќна магија, вештерство или црна магија. Ниту еден од нив не работеше и никој не беше толку прекрасен, lovingубовен и топол како д-р Пелар. Тој навистина се разликува од другите писатели и јас слушнав директна надеж и сила кога слушна за ветувањата што ги понуди. Носи воздух на чистота и божествена сила, чист и свеж како снегот на земјата. Го прашав д-р Пелар најмоќните магии и веднаш ми олесни да имам што да поправам за мене. Неговите магии направија чуда, и јас сега се вратив со мојата девојка, а парите ги нема по добивањето на лотарија. Д-р Пелар, немам претстава што би правел ако не бевте таму помогнати. Еве го неговиот е-пошта. drpellar@gmail.com

    ReplyDelete
  2. Јас се викам Дре. Морам да ве почитувам вас и вашите магии за да го направам сведочењето познато на сите. Отидов да видам други писатели на правопис без да ги видам резултатите, сè што сакаа беа моите пари. Само посакувам да дојдов да те видам порано, те искористив што е можно повеќе. Мојата сопруга исчезна една година, одев насекаде и барав други волшебници, но немаше резултати се додека мојот пријател не ме запозна со д-р Санго. После aубовна магија, конечно добив повик од неа за помалку од 48 часа. Неговите магии правеа чуда, а сопругата повторно беше полна со loveубов. Беше како чудо! Одеднаш се врати со цвеќиња велејќи дека треба да и дадам, јас навистина се зачудив и шокирав кога сопругата клекна молејќи за прошка и ги прифатив. Навистина ми недостасуваат зборови и среќа, ти си Бог испратен до мене и целото мое семејство. И повторно сум среќен човек. Ви благодарам многу, д-р Санго. За секој што бара вистински рициер, контактирајте го Dr.Sango преку е-пошта. spellspecialistcaster937@gmail.com

    ReplyDelete