Thursday, December 12, 2013

„И што да ти кажам!? Ѕвездите денес се посјајни...“

-Ја видов денес твојата.- Симона превртува со очите и ме бакнува во образ додека седнува на столчето до моето. 
-Мојата? - Збунето поткревам веѓа и гледам во неа. Изгледа совршено како и секогаш, облечена во кафен капут кој  веднаш го соблекува, темни фармерки, зелен џемпер кој одговара на нејзините долги нокти, високи чизми на штикла. Прекрасна е, забележувам дека неколку машки се вртат накај нас и заинтригирано ја набљудуваат. Знам дека посакуваат сите да се на мое место, јасно ми е тоа како ден. А јас, посакувам да сум во друштво со една друга девојка...
-Знаеш бе, онаа што ми кажуваше дека ти се свиѓа. Што се сретнавте пред два-три дена на кафе? Маникенката твоја. -Превртува незадоволно со очите.
-Никогаш не сум ти кажал дека е манекенка.- Ја поправам и ја викам келнерката која очигледно е нова.
-Повелете? - Келнерката ми се смешка задоволно, а Симона повторно превртува со очите. Е,добро де не може секогаш да биде центар на внимание.
-За мене едно Нескафе, а за дамата...
-Чај од шумско овошје. Без шеќер. -И подарува една вештачка насмевка а потоа го проверува Ајфонот. Симона, истата како што ја познавам.
-Веднаш.- Келнерката уште еднаш ми се насмевнува. И подарувам една од оние искрени насмевки и се враќам на Симона.
-Малку љубезност нема да те штети, знаеш. - И намигнувам и повторно се загледувам во неа. Сериозно, преубава е јасно е тоа како ден. Има правилен нос, совршено тело, бисерна насмевка, долга коса... Но, знам дека помеѓу нас никогаш нема да има ништо, ние сме различни планета, па иако ми се допаѓа ја гледам само како моја другарка и ништо повеќе.
-Не, нема. Само не ја дарувам љубезноста на сите.- Ми се насмевнува, но веќе во следниот момент е сериозна.- Ти текна за кого ти кажував!?
-Да.- Потврдувам збунето. Некоја насмевка несвесно ми лета низ лицето и само со раката немарно преминувам преку мојата коса. -Што со неа?
-Ти кажав, ја видов на автобуска. Беше со една другарка.
-Добро и? -Прашувам демек незаинтересиран. Но,искрено таа и тоа колку ми се допаѓа. Не знам, како оддеднаш да сум се нашол во некој вртлог од чувства и постојано размислувам за неа.
-И... Не сфаќам што си видел во неа. - Гледа сериозно во мене. Келнерката ги носи нарачките, Симона не ја ни погледнува, погледот и е насочен кон мене. По ѓаволите! 
-Како што гледам во неа!? Ми се допаѓа. -Одговарам едноставно. Како да објаснам зошто ми се допаѓа кога ни јас не можам да се сфатам самиот себе. 
-Добро,но... Сериозен си? Мислам, девојката не е ништо посебно. Погледни се себе, погледни ја неа. Тотално сте различни, се гледа тоа од километар. Првин девојката не е убава, просечна е. Долга коса без везе, ниту испеглана, ниту е нашминкана, просечна фацичка со која се губи во купиштето луѓе, облечена сосем обично... Слаба е, океј. Но,реално нема ништо од тоа што ти ми го опиша.-Ми набројува на прсти и гледа во мене како да се обидува да сфати нешто од моето лице. Како да и објаснам нешто што таа нема да го разбере!?
-Значи, не мора да биде модел за да биде убава. И тоа што ти ја викаш просечна е твое мислење. Мене девојката ми е прекрасна, има убава насмевка, добра е, знае да се шегува, знае да ме ислуша. Интересно ми е да сум покрај неа.И што значи тоа види ја неа, види се себе!? Никогаш за себе не сум кажал дека сум некој модел или неодолив фраер. Така да, ова ти нема смисла... - Збунето вртам со главата и пијам од своето Нескафе.
-Сериозен си? Познавам неколку девојки кои се девет класи погоре од девојкава и кои би ти рипнале во прегратка без да ги прашаш.
-Можеби тоа е проблемот. Што различно го гледаме светот. Не ми е потребно мене некоја убавица по која машките ќе паднат на гз кога ќе ја видат. Сакам топла девојка како неа. ТОа ти е проблемот на тебе, ги гледаш девојките според тоа како изгледаат. И јас правев така некогаш, не велам не. Но,покрај неа... Не знам,поразлично е. Поразлична е таа од сите девојки, како оддеднаш кога сум покрај неа да се интересирам за книжевност, за политика, за светската криза, за ѕвездите, за нејзината насмевка... Едноставно е се покрај неа, а истовремено и сложено. И ми се допаѓа тоа. Ми се допаѓа светот да ги има сите бои од виножитото а не тој мал спектар што го гледавме.- Слегнувам со рамениците, сеќавајќи се на неа. Мислам, не е дека некогаш ми излегува од мислите.
-Ова е ретардирано.- Одмавнува збунето со главата. - Да не си ја чукнал ти главата?
-Симона... Не знам што да ти кажам. Освен дека можеби се заљубив.
-Немам одговор. -Гледа со неверување во мене. -Не знам што ти направила. Ми кажа дека не веруваш во љубов, дека сакам само забава. Зошто сега се промени се?
-Затоа што сфатив некои работи. Дека за некои нешта нема време за чекање, ниту има потреба за тоа. Кога се работи за чувствата едноставно ќе знаеш. Морам да одам.- Го земам капутот и го барам отсутно новчаникот во џебот од фармерките.
-Каде ќе одиш?- Шокирано гледа во мене,очигледно моето однесување го надминува секој нормален домен во пропишаното однесување за неа.
-Да и го кажам ова на неа.- Се насмевнувам и ги спуштам парите на масата. Слушам како таа вика по мене, но истовремено не ми е грижа. Сигурно ќе најде друштво во некој од сите од кафичот кој ја меркаа и ќе ги продолжи некој нормален муабет. Знам дека и се допаѓа тоа кога машките и се восхитуваат и таа е тема на разговор. Се качувам во автомобилот и збунето се смешкам. Не знам како ќе реагира, искрено она нашето е сеуште она недефинирано, но мене и тоа како ми се допаѓа таа. Газам на педалата за гас, сеќавајќи се на зборовите на мојот најдобар пријател: Кога се работи за љубовта, ќе знаеш брат. Ќе ти биде јасно. Ѕвездите ќе сјајат посјајно, ќе ја забележуваш Месечината, во сите девојки ќе ја бараш неа и нејзината насмевка. Пред да сфатиш ќе се заљубиш еден ден иако сега ми изиграваш неодолив шармер. И кога ќе се случи тоа, немој да бидеш будала како мене. Не дозволувај среќата да се лизне низ прстите, па ако треба и ќе испаднеш и папучар и ќе го погазиш достоинството. Но,ќе и кажеш дека ја сакаш, ќе и го докажуваш тоа, ќе веруваш во романтика и приказните за подобар свет кој претходно ти се чинеле како приказна. Е тогаш, брате мој ќе сфатиш што ти зборувам. Ќе посегнеш во ѕвездите и нема да ти биде грижа ако се изгореш...
Го запирам автомобилот пред нејзината куќа. Знам дека е сама па затоа само влегувам во дворот и ѕвонам на вратата збунето чекајќи да ми отвори.
-Ти? -Изненадено ја крева левата веѓа и ја погледнува облеката. -Што се случува?
Забележувам дека се вцрвенува, но мене и вака по тренерки ми е прекрасна, со бушава коса, некоја збунета насмевка и срамежливост.
-Сакам да те видам. Да ти кажам нешто.
-Да?- Гледа збунето во мене, не знае што да очекува.
-Сакав да ти кажам дека ми се допаѓаш. Не знам дали испаѓам како манијак,но ...
-Хахаахха.-Гледам во неа додека ми се смее и не знам што да мислам.- И ти ми се допаѓаш на мене, но не ми текнало да те посетам во станот и да ти го кажам тоа.
-Опааа. Ете,една идеја што ми се допаѓа.- Ја прегрнувам и се смеам со неа.- Ти кажав дека си прекрасна?
-Не.- Ми одговара со онаа занесна насмевка. 
Стоиме на прагот, и двајцата смрзнати, но среќни. Ја прегрнувам и уживам во тоа чувство на топлина кое прострујува низ вените. Го земам нејзиното мало лице во моите раце и ја бакнувам. И во овој момент може да испари целиот свет. Ја сакам неа и само неа.Уживам кога ја спушта главата на моето рамо и сфаќам дека не сакам да бидам на нитуедно друго место. Овде,покрај неа се пронајдов себеси. И случајно, забележувам дека ѕвездите навистина сјајат посилно и дека Месечината е надвисната над нас. Се насмевнувам, чувствувајќи се исполнет. Во неа ја пронаоѓам мојата ѕвезда која е посилна од сите. И тоа ми е доволно...


2 comments:

  1. Јас се викам Дре. Морам да ве почитувам вас и вашите магии за да го направам сведочењето познато на сите. Отидов да видам други писатели на правопис без да ги видам резултатите, сè што сакаа беа моите пари. Само посакувам да дојдов да те видам порано, те искористив што е можно повеќе. Мојата сопруга исчезна една година, одев насекаде и барав други волшебници, но немаше резултати се додека мојот пријател не ме запозна со д-р Санго. После aубовна магија, конечно добив повик од неа за помалку од 48 часа. Неговите магии правеа чуда, а сопругата повторно беше полна со loveубов. Беше како чудо! Одеднаш се врати со цвеќиња велејќи дека треба да и дадам, јас навистина се зачудив и шокирав кога сопругата клекна молејќи за прошка и ги прифатив. Навистина ми недостасуваат зборови и среќа, ти си Бог испратен до мене и целото мое семејство. И повторно сум среќен човек. Ви благодарам многу, д-р Санго. За секој што бара вистински рициер, контактирајте го Dr.Sango преку е-пошта. spellspecialistcaster937@gmail.com

    ReplyDelete
  2. Во изминатите 4 месеци бев толку депресивен и болно повреден кога изгубив девојка од друг човек, а ситуацијата со моите пари исто така се влоши што помислив дека ќе морам да поднесам банкрот. Имав огромен долг и не знаев што да направам. Од целосен и целосен очај, контактирав со многу од оние таканаречени индивидуи кои ветија моќна магија, вештерство или црна магија. Ниту еден од нив не работеше и никој не беше толку прекрасен, lovingубовен и топол како д-р Пелар. Тој навистина се разликува од другите писатели и јас слушнав директна надеж и сила кога слушна за ветувањата што ги понуди. Носи воздух на чистота и божествена сила, чист и свеж како снегот на земјата. Го прашав д-р Пелар најмоќните магии и веднаш ми олесни да имам што да поправам за мене. Неговите магии направија чуда, и јас сега се вратив со мојата девојка, а парите ги нема по добивањето на лотарија. Д-р Пелар, немам претстава што би правел ако не бевте таму помогнати. Еве го неговиот е-пошта. drpellar@gmail.com

    ReplyDelete