Отсутно гледав низ отворениот прозорец кон езерото во близина , немарно држејќи ја белата шолја со кафе во десната рака. Сонцето изгреваше, небото ја имаше таа неодоливо румена боја. Играта на светлината се преточуваше во повремените бранови на езерото кои ги чувствував како свои. Се напив една голтка од кафето кое ми се чинеше погорко од кога и да е и покрај двете лажички шеќер. Можеби едноставно ,таков е вкусот на поразот !?
Го оставив филџанот на дрвената маса до прозорецот и се вратив на таа игра на светлина и чувството на празнина. Се прашував дали и тој ја гледа оваа величествена бура од бои ,дали е восхитен или станал рамнодушен. Се сеќавам на оној ден кога заедно го гледавме изгрејсонцето седнати на балконот, јас во неговата прегратка прекриена со ќебе. И тогаш на неговото лице ја гледав таа восхитеност и најубава насмевка. Иако не помина многу оттогаш мене ми се чини дека тоа се случило во некој друг живот. А сепак, сеуште ги гледам истите бои, го чувствувам тоа наивно треперење и тој благ поглед кој некогаш го обожавав. Мирисот на цимет кои се шири од некаде во близина дополнително ме потсетува на него, на неговата омиелна штрудла со јаболка и цимет која често ја делевме. За миг ги затворам очите, опиена од моќта на бои која се шири во езерото, од мирисот на љубовта , од сите спомени кои сфаќам дека секогаш биле тука покрај мене колку и да се обидувам да ги негирам.
Ги чувствувам зраците на сонцето на мојата кожа и се насмевнувам. Повеќе ни изгрејсонцето не е толку гламурозно и единствено , како што тој умееше да го направи и да ја преточи сета среќа на светот во најубиот огномет од бои што можев да го посакав. А најпосле, пижамите, разбушавената коса и ненашминканото лице и не се баш знак на гламурозност.
Вчера повторно го видов , иако не очекував дека ќе се осмели да дојде на ова наше место. Беше променет, некако послаб, очите го беа загубиле тој магичен сјај ,беше сам и некако не припаѓаше повеќе во таа слика за него што се моташе во мојата глава. Беше тој а некако поразличен, попристаплив и осамен. И во истиот момент кога погледите ни се сретнаа , изчезна како никогаш да не постоеше. А јас , како некогаш го почувствував тоа познато треперење , таа желба да завршам во неговата прегратка и да не се грижам за ништо друго на светот. Ми се чинеше во тој момент заборавив на сета болка што ја предвика кај мене и во неговиот поглед иако за кратко ја забележав сета љубов на светот. Посакувам да не фантазирав, да сфатам веќе еднаш дека сме на сосема различни страни од животот. Да сфатам дека тој е само далечна ѕвезда која никој не ја познава и дека веќе еднаш треба да згасне во моите очи. Но , има нешто во мене што не дозволува да се помирам со таа општо искреирана слика што ми ја понудија сите а тој не се обидуваше да ја негира. Еден обичен фраер кој никогаш нема чувства, кој е една коцка лед, која никогаш не сум ја познавала. Сепак,никој не го познаваше како мене. Гледам пред мене во езерото и се обидувам да ги запрам чувствата да се разлеат низ моето тело како некогаш. И повторно помислувам на него, на таа вчерашна осамена слика која ми недостасува. За миг мислам дека е тука во близина , дека сме поврзани со ова изгрејсонце. Само така повеќе не постои ниту утре, ниту вчера ,само една насмевка,топло сонце,езеро и тој кој се провлекува некако низ мислите. И повеќе тоа не ми пречи...
No comments:
Post a Comment