Едно извини не менува ништо. Мислиш дека после се, можеш само да кажеш извини и јас да заборавам се ? Ма, немој во кој свет мислиш дека живееш ти !? И што ти е уште потрагично, не можеше сам да ми кажеш извини лице во лице како барем некој знак на почит кој мене кој очигледно никогаш не си го чувствувал,туку ми ја праќаш мојата најдобра другарка,па потоа твојата сегашна женска затоа што тебе ти е жал ?
И сега се прашувам се шегуваш ли ти со мене или едноставно толку ти фаќа кликерот и толку многу размислуваш? Најсериозно, очекуваш дека после се ќе ти простам за сите тие твои моронски игри и тоа што ми го скрши срцето. Не ми кажувај дека ништо од тоа не беше намерно, затоа што за жал сега многу добро те познавам и не знам како некогаш сериозно сум можела да те сакам. Секогаш велеше дека големите луѓе ја имаат доблеста да простуваат, но не сум сигурна дека некој од тие твои големи луѓе би простиле ако си се однесувал така како што се однесуваше со мене. Најпосле, веројатно јас не припаѓам во тие големи луѓе,ако тоа значи дека морам да си ја погазам гордоста и да заборавам на сето она што се случи меѓу нас и да се однесувам како јас и ти повторно да сме оние најдобри пријатели кои по некоја случајност или игра на судбината некогаш биле заедно.
Извини,ама не можам да бидам лицемерна и да се преправам дека сум некоја што не сум. И искрено не знам што очекуваше од мене, дека толку лесно ќе заборавам за се. За сите тие игри со топло-ладно, сите моменти кога не знаеше што сакав а јас и покрај тоа бев покрај тебе и секогаш те храбрев!? Или можеби затоа што кажуваше различни глупости за мене и се фалеше со таа девојка која искрено те сакаше без разлика што и да си направел!? Ми кажа дека ме сакаш , дека сум ти потребна, дека не сакаш ништо повеќе од мене а јас решив да заборавам на сите тие гласини дека си еден обичен кретен кој не е способен да сака и е спремен на се за да го добие тоа што го сака. Мислев дека се само гласини од некои што не те познаваат. Да, бев наивна што верував во тебе,но тоа беше мојата најголема грешка. Ти го дадов срцето а ти го парчоса на илјада мали парчиња , не грижејќи се за последиците. И сега се однесуваш како ништо од ова да не се случило, како јас и ти да сме ја имале најромантичната приказна и едноставно се извинуваш за тоа што завршило се. Не ,не , да те цитирам тебе - Се извинувам затоа што бев таков кретен! Па, искрено и беше. И уште поискрено сеуште си истиот, затоа што да си се променел ќе ми го кажеше барем ова во лице, но не немаш храброст да се соочиш со мене. Знаеш што, сега сфаќам дека искрено ти никогаш не си бил способен да сакаш, тебе животот и љубовта ти се само една натпреварувачка игра во која не се грижиш колку срца можеш да скршиш.
Еднаш ми кажа дека срцето ти било скршено од некоја девојка , но сега се сомневам во тоа. Оној чие срце било скршено, не би скршил друго срце затоа што би знаел колкава е беспомошноста , солзите и чувството на намалена вредност со која се соочува оној што умеел да сака. Но, ти кажав оној ден помеѓу солзите, порасни еднаш и научи да сакаш. Не за мене , туку за себе.
Велат попаметниот попушта, но мислам дека заборавиле да кажат дека попушта со нервите. Но , не нема повеќе да мислам на тебе. Помина тоа време кога се грижев што мислиш за мене, дали си добар или дали ќе направиш некоја глупост. Си ја научив лекција , знам каков си и затоа извинувањето не менува ништо. Ти нема да се промениш , а јас нема да дозволам уште еднаш да бидам изманипулирана од тоа убаво лице и тие зборови што некогаш сакав да ги слушнам. Сега пораснав и за твоја несреќа те гледам во твое вистинско светло. Замина таа девојка која веруваше во љубовта и беше спремна на се за тебе. Сега сме само двајца странци кои некогаш се познавале и моментално немаат ништо заедничко. Два различни света на кои единствно што им е заедничко е воздухот што го дишат. Ееех, поминаа тие денови кога љубовта и твојата манипулација одеа рака под рака. Луѓето се менуваат и им доаѓа паметот.
И извини не менува ништо, така да си знаеш. Па , дури и искрено да го мислиш тоа во што дури се сомневам...
No comments:
Post a Comment