Едноставно,понекогаш тоа што го посакува срцето не е тоа што ми е потребно. Сега го сфаќам тоа,додека ветрот ми ја бушави косата и бавно чекорам по кејот.Повторно мислам на него,иако знам дека тоа е веќе оддамна загубена битка со самата себе.Понекогаш,искрено не можам да се разберам самата себе и начинот на кој реагирам на некои бесмисленици. Ја читам пораката по некој стоти пат,како да сакам да се уверам дека не сум сфатила нешто погрешно. Не е најромантичнио дечко на светот , но и таа обична порака лесно може да го промени целиот мој свет. Во тие моменти се чувствувам како да сум повторно онаа заљубена тинејџерка , иако сакам да бидам што е можно подалеку од тие спомени.А сепак еве ме повторно како ја читам таа навидум безопасна порака која и тоа како внесува немир кај мене.
Како помина денес? Некако сум сигурен дека си била нервозна иако немаш никаква причина.Ми недостасуваше,се чувствувам чудно сега кога не можам да те гледам секој ден. Знам дека си ми лута и не знам дали ќе ја прочиташ пораката. Но,ако ја прочиташ знај дека не сум те заборавил.Едноставно,тоа би било да се оди против самиот себе иако знам дека никогаш ти го немам кажано ова. Марко.
И повторно зјапам во сјајниот екран на мобилниот ,чувствувајќи ги солзите на трепките. Го забележувам и пропуштениот повик од него и искрено повеќе не знам како треба да реагирам. Некогаш го сакав,да но со текот на времето мислев дека сум заборавила на него. А сега буквално од никаде доаѓа овде со некоја чудна порака. Што сака од мене после се ? Зарем навистина мисли дека има шанси да се случи повторно нешто меѓу нас?
Чувствувам како срцето забрзано ми чука, како повторно размислувам за него како некогаш. Не ми се допаѓа тоа, не можам да сфатам како некој може да сака и да не поднесува некој во исто време. Да бидам искрена, никогаш не сакав да го сретнам повторно. А сега вака со една порака, лесно ги брише сите оние чувства. Го гасам мобилниот и го враќам во мобилниот во џебот. Се враќам на кејот, на ветрот кој немирно ги гали моите образи, во месечината која блеска во навидум сјајните води на реката, во ѕвездите кои немирно светкаат, светилките кои треперат, во сите тие луѓе околу мене кои ми се чини не се овде. Или можеби само јас сум физички присустна тука, но не и ментално. Повторно патувам со мозокот далеку и тоа ме нервира. Не сакам да фантазирам, ниту да размислувам многу.
Седнувам на една од празните клупи и зјапам во далечините. За момент не мислам на ништо повеќе од местото што ме опкружува и сум задоволна од тоа. Но,подоцна се навраќам на нашите спомени, на неговите зборови кои пристигнуваат во погрешно време, на тоа скршено срце пто болеше едно време кога ме остави за друга буквално без збор. И сега ова...
Мислам дека искрено и никогаш не сум го познавал. Но,не е и онака важно. Сега сфаќам се што требало да знам. Тој е неволја и секогаш бил тоа и за жал нема да се промени. А оној дечко што денес го запознав, веднаш нуди насмевка кај мене. Без болна историја и е далеку позрел од него. Го уклучувам мобилниот и ја бришам пораката. Некогаш срцето сака погрешни работи па потребно е да се запре пред да направи нова грешка и повторно да се скрши. Но,некогаш желбите доаѓаат на најчудниот начин. Го вртам бројот на оној нов дечко и се насмевнувам додека разговарам со него и гледам во некоја далечна точка. Ете,толку малку му е потребно на срцево повторно да трепери на оној ист начин како некогаш...
No comments:
Post a Comment