Sunday, December 15, 2013
Кога не постојам
Мрзливо се протега во креветот, постелнината му е слепена за жешкото и испотено тело. Грлото му е суво и го пече, главата го боли ужасно како некој со скалпел да му извршил хируршки зафат а тој не бил свесен. Ќе треба да се напие два-три Аспирина да му помине коге ќе стане. Ги оближува усните и ги отвора полека очите како да сака да се увери дека е жив и дека се вратил во реалноста. Посега бавно по телефонот на ноќното масиче и забележува дека е девет часот и педесет минути. Сеуште е рано, може да поспие уште неколку часа. Не треба да оди никаде, никој не го чека.
Thursday, December 12, 2013
„И што да ти кажам!? Ѕвездите денес се посјајни...“
-Ја видов денес твојата.- Симона превртува со очите и ме бакнува во образ додека седнува на столчето до моето.
-Мојата? - Збунето поткревам веѓа и гледам во неа. Изгледа совршено како и секогаш, облечена во кафен капут кој веднаш го соблекува, темни фармерки, зелен џемпер кој одговара на нејзините долги нокти, високи чизми на штикла. Прекрасна е, забележувам дека неколку машки се вртат накај нас и заинтригирано ја набљудуваат. Знам дека посакуваат сите да се на мое место, јасно ми е тоа како ден. А јас, посакувам да сум во друштво со една друга девојка...
-Знаеш бе, онаа што ми кажуваше дека ти се свиѓа. Што се сретнавте пред два-три дена на кафе? Маникенката твоја. -Превртува незадоволно со очите.
-Никогаш не сум ти кажал дека е манекенка.- Ја поправам и ја викам келнерката која очигледно е нова.
-Повелете? - Келнерката ми се смешка задоволно, а Симона повторно превртува со очите. Е,добро де не може секогаш да биде центар на внимание.
-За мене едно Нескафе, а за дамата...
-Чај од шумско овошје. Без шеќер. -И подарува една вештачка насмевка а потоа го проверува Ајфонот. Симона, истата како што ја познавам.
-Веднаш.- Келнерката уште еднаш ми се насмевнува. И подарувам една од оние искрени насмевки и се враќам на Симона.
-Малку љубезност нема да те штети, знаеш. - И намигнувам и повторно се загледувам во неа. Сериозно, преубава е јасно е тоа како ден. Има правилен нос, совршено тело, бисерна насмевка, долга коса... Но, знам дека помеѓу нас никогаш нема да има ништо, ние сме различни планета, па иако ми се допаѓа ја гледам само како моја другарка и ништо повеќе.
-Не, нема. Само не ја дарувам љубезноста на сите.- Ми се насмевнува, но веќе во следниот момент е сериозна.- Ти текна за кого ти кажував!?
-Да.- Потврдувам збунето. Некоја насмевка несвесно ми лета низ лицето и само со раката немарно преминувам преку мојата коса. -Што со неа?
-Ти кажав, ја видов на автобуска. Беше со една другарка.
-Добро и? -Прашувам демек незаинтересиран. Но,искрено таа и тоа колку ми се допаѓа. Не знам, како оддеднаш да сум се нашол во некој вртлог од чувства и постојано размислувам за неа.
-И... Не сфаќам што си видел во неа. - Гледа сериозно во мене. Келнерката ги носи нарачките, Симона не ја ни погледнува, погледот и е насочен кон мене. По ѓаволите!
-Како што гледам во неа!? Ми се допаѓа. -Одговарам едноставно. Како да објаснам зошто ми се допаѓа кога ни јас не можам да се сфатам самиот себе.
-Добро,но... Сериозен си? Мислам, девојката не е ништо посебно. Погледни се себе, погледни ја неа. Тотално сте различни, се гледа тоа од километар. Првин девојката не е убава, просечна е. Долга коса без везе, ниту испеглана, ниту е нашминкана, просечна фацичка со која се губи во купиштето луѓе, облечена сосем обично... Слаба е, океј. Но,реално нема ништо од тоа што ти ми го опиша.-Ми набројува на прсти и гледа во мене како да се обидува да сфати нешто од моето лице. Како да и објаснам нешто што таа нема да го разбере!?
-Значи, не мора да биде модел за да биде убава. И тоа што ти ја викаш просечна е твое мислење. Мене девојката ми е прекрасна, има убава насмевка, добра е, знае да се шегува, знае да ме ислуша. Интересно ми е да сум покрај неа.И што значи тоа види ја неа, види се себе!? Никогаш за себе не сум кажал дека сум некој модел или неодолив фраер. Така да, ова ти нема смисла... - Збунето вртам со главата и пијам од своето Нескафе.
-Сериозен си? Познавам неколку девојки кои се девет класи погоре од девојкава и кои би ти рипнале во прегратка без да ги прашаш.
-Можеби тоа е проблемот. Што различно го гледаме светот. Не ми е потребно мене некоја убавица по која машките ќе паднат на гз кога ќе ја видат. Сакам топла девојка како неа. ТОа ти е проблемот на тебе, ги гледаш девојките според тоа како изгледаат. И јас правев така некогаш, не велам не. Но,покрај неа... Не знам,поразлично е. Поразлична е таа од сите девојки, како оддеднаш кога сум покрај неа да се интересирам за книжевност, за политика, за светската криза, за ѕвездите, за нејзината насмевка... Едноставно е се покрај неа, а истовремено и сложено. И ми се допаѓа тоа. Ми се допаѓа светот да ги има сите бои од виножитото а не тој мал спектар што го гледавме.- Слегнувам со рамениците, сеќавајќи се на неа. Мислам, не е дека некогаш ми излегува од мислите.
-Ова е ретардирано.- Одмавнува збунето со главата. - Да не си ја чукнал ти главата?
-Симона... Не знам што да ти кажам. Освен дека можеби се заљубив.
-Немам одговор. -Гледа со неверување во мене. -Не знам што ти направила. Ми кажа дека не веруваш во љубов, дека сакам само забава. Зошто сега се промени се?
-Затоа што сфатив некои работи. Дека за некои нешта нема време за чекање, ниту има потреба за тоа. Кога се работи за чувствата едноставно ќе знаеш. Морам да одам.- Го земам капутот и го барам отсутно новчаникот во џебот од фармерките.
-Каде ќе одиш?- Шокирано гледа во мене,очигледно моето однесување го надминува секој нормален домен во пропишаното однесување за неа.
-Да и го кажам ова на неа.- Се насмевнувам и ги спуштам парите на масата. Слушам како таа вика по мене, но истовремено не ми е грижа. Сигурно ќе најде друштво во некој од сите од кафичот кој ја меркаа и ќе ги продолжи некој нормален муабет. Знам дека и се допаѓа тоа кога машките и се восхитуваат и таа е тема на разговор. Се качувам во автомобилот и збунето се смешкам. Не знам како ќе реагира, искрено она нашето е сеуште она недефинирано, но мене и тоа како ми се допаѓа таа. Газам на педалата за гас, сеќавајќи се на зборовите на мојот најдобар пријател: Кога се работи за љубовта, ќе знаеш брат. Ќе ти биде јасно. Ѕвездите ќе сјајат посјајно, ќе ја забележуваш Месечината, во сите девојки ќе ја бараш неа и нејзината насмевка. Пред да сфатиш ќе се заљубиш еден ден иако сега ми изиграваш неодолив шармер. И кога ќе се случи тоа, немој да бидеш будала како мене. Не дозволувај среќата да се лизне низ прстите, па ако треба и ќе испаднеш и папучар и ќе го погазиш достоинството. Но,ќе и кажеш дека ја сакаш, ќе и го докажуваш тоа, ќе веруваш во романтика и приказните за подобар свет кој претходно ти се чинеле како приказна. Е тогаш, брате мој ќе сфатиш што ти зборувам. Ќе посегнеш во ѕвездите и нема да ти биде грижа ако се изгореш...
Го запирам автомобилот пред нејзината куќа. Знам дека е сама па затоа само влегувам во дворот и ѕвонам на вратата збунето чекајќи да ми отвори.
-Ти? -Изненадено ја крева левата веѓа и ја погледнува облеката. -Што се случува?
Забележувам дека се вцрвенува, но мене и вака по тренерки ми е прекрасна, со бушава коса, некоја збунета насмевка и срамежливост.
-Сакам да те видам. Да ти кажам нешто.
-Да?- Гледа збунето во мене, не знае што да очекува.
-Сакав да ти кажам дека ми се допаѓаш. Не знам дали испаѓам како манијак,но ...
-Хахаахха.-Гледам во неа додека ми се смее и не знам што да мислам.- И ти ми се допаѓаш на мене, но не ми текнало да те посетам во станот и да ти го кажам тоа.
-Опааа. Ете,една идеја што ми се допаѓа.- Ја прегрнувам и се смеам со неа.- Ти кажав дека си прекрасна?
-Не.- Ми одговара со онаа занесна насмевка.
Стоиме на прагот, и двајцата смрзнати, но среќни. Ја прегрнувам и уживам во тоа чувство на топлина кое прострујува низ вените. Го земам нејзиното мало лице во моите раце и ја бакнувам. И во овој момент може да испари целиот свет. Ја сакам неа и само неа.Уживам кога ја спушта главата на моето рамо и сфаќам дека не сакам да бидам на нитуедно друго место. Овде,покрај неа се пронајдов себеси. И случајно, забележувам дека ѕвездите навистина сјајат посилно и дека Месечината е надвисната над нас. Се насмевнувам, чувствувајќи се исполнет. Во неа ја пронаоѓам мојата ѕвезда која е посилна од сите. И тоа ми е доволно...
Wednesday, December 11, 2013
Сјајот во нејзините очи
И ќе ја сакам па дури и ѕвездите сите до една да згаснат, дури и земјата да се помести од својата рамнотежа. Ќе ја сакам затоа што е единствена, затоа што е среќна и без мене, затоа што погледот и е истовремено и нежен и строг и веднаш ме освојува, затоа што нејзината насмевка и зимата ја претвора во лето. Ќе ја сакам и за пролетните цветови и летните лудости и авантури, за есенските шаренила и зимската монотонија. И нема да и го кажам тоа никогаш, па и небото да се сруши врз мене, ќе глумам некој си отсутен фраер кој си нема врска со животот. Ќе уживам во вискито со лед која таа ќе каже дека ми го скаменило срцето, ќе се губам во монотонијата на бои ми се мешаат пред очиве. Ќе се чувствувам за нигде кога ќе ја видам со друг, кога ќе забележам дека тој нејзин поглед не е само мој. Ќе ја кренам главата демек гордо и ќе ја одминам како да не ми значи ништо иако одвнатре ќе се распаѓам. Нема да признаам, нема да ми дозволи гордоста, ниту оваа празна „црпка“ што таа ја викаше. Ќе се влечам низ животот како да ми е сеедно се, како некој си Мерсо од некоја книга што таа ја читала. Нека бидам таков, нека бидам идиот и кретен во нејзините очи, нека биде таа пеперутката која едно време светот ми го направила најубаво шаренило од бои и чувства. Но, ќе негирам се кога ќе ја видам. Љубов, ќе прашам, што беше тоа!? Ќе погледнам во ѕвездите кои сакав некогаш да и ги подарам и ќе забележам дека нашата згаснала. Ако, нема биде и универзумот против мене. Нека се свртат коцките во нејзина полза, ќе ми биде мило да ја гледам среќна иако ќе знам дека не сум причина за таа среќа и иако Месечината ќе го изгуби својот сјај во нејзините очи...
Tuesday, December 10, 2013
Те сакам...
Илјада дефиниции за љубовта, јас ќе ја дадам илјада и првата. И знаеш, нема да биде воопшто значајна и нема да допре до никој нов феномен за кој немаш слушнато.А уште помалку дека ќе ја опише љубовта во нејзината вистинска смисла, онаа во која јас се губам така лесно во твоите очи. Можам да најдам илјада причини зошто те сакам, но знам дека ниедна од нив нема да биде целосна. Зошто? Затоа што ти си едноставено таков, мозаик од илјада спомени кои нема никогаш да се вклопат во ниедна слика. А сепак, сликата што ти ја преставувап е мојата омилена...
Те сакам затоа што денот кога ми почнува со тебе е обоен во најјака жарко црвена боја која ми го осветлува лицето. Те сакам затоа што утрото ми почнува со зрак од сончева светлина која ми го милува лицето и ми го топли срцево.
Те сакам затоа што светот ја добива посакуваната смисла кога ти си покрај мене. Те сакам за сите сварени чаеви и кафиња, за сите изгорени јадења и торти. Те сакам заради омилените мафини од боровинка и малина, за сладоледот со чоколадо и овошните торти. Те сакам за цела „Европа“ и „Милка“ , затоа што светот покрај тебе е чоколадно уживање. Те сакам заради сјајот во твоите очи што за мене се поскапоцени од сафирите. Те сакам заради малите дупчиња што се формираат при твојата насмевка, начинот на кој немарно ќе поминеш со раката низ косата и ненамерно ќе ја разбушавиш. Го сакам начинот на кој рацете ти се топли и во зима и ги грееш моите подобро од ракавици. Го сакам тоа што се шегуваш со мене, а толку лесно знаеш да се пошегуваш и на своја сметка. Те сакам затоа што пушиш како Турчин, а потоа се жалиш кога ќе го поделиме Сникерсот дека ќе внесеш многу калории. Сакам да те гледам додека возиш и рокаш некоја музика од бенд кој никој не го слушнал а човек не може да не се насмее. Го сакам начинот на мој ме гледаш кога поминувам покрај тебе и кога ќе ме прилепиш во својата прегратка и да ме бакнеш пред сите останати како да сакаш да ставиш етикета дека сум твоја. Сакам да се шетам со тебе низ градот фатени рака за рака, иако цел пат ќе го поминеш пекајќи дека не го сакаш тоа. Те сакам затоа што ги слушаш моите омилени песни на слушалките заедно со мене, иако не ти се допаѓаат. Те сакам затоа што светот завршува и почнува во тебе. Те сакам заради сите твои недостатоци кои те прават совршен. Те сакам затоа што ги читаш моите текстови и ги коментираш недостатоците и не промашуваш момент да ме пофалиш за нешто. Те сакам затоа што си секогаш покрај мене, затоа што првата порака на Фејсбук или мобилен мора да биде од тебе. Те сакам затоа што велиш дека не веруваш во цагери, а само онака немарно ќе се насмееш кога ќе фатиш еден. Те сакам затоа што си циничен за се и сешто, а умееш да се расплачеш на некој емотивен филм и да се вадиш дека ти влегло нешто во окото. Те сакам заради фраерот што си, а истовремено и едно малечко дете кое сака со сето срце. Те сакам затоа што си ваков каков што си и најпосле заради ништо посебно. Те сакам затоа што уживам денот да ми почнува и завршува со твоето име. Те сакам затоа што текстовите испаѓаат и едноставни и комплицирани заради тебе. И на крај?
Те сакам затоа што си поразличен од сите, заради насмевката што ми ја бранува душава, за твоите најубави очи, затоа што небото денес е сафирно чисто а сонцето немарно грее, затоа што ѕвездите се горе на небото и ништо повеќе, затоа што си неромантично романтичен. Те сакам затоа што светот ја добива смислата со тебе. И ништо помалку...
Те сакам затоа што денот кога ми почнува со тебе е обоен во најјака жарко црвена боја која ми го осветлува лицето. Те сакам затоа што утрото ми почнува со зрак од сончева светлина која ми го милува лицето и ми го топли срцево.
Те сакам затоа што светот ја добива посакуваната смисла кога ти си покрај мене. Те сакам за сите сварени чаеви и кафиња, за сите изгорени јадења и торти. Те сакам заради омилените мафини од боровинка и малина, за сладоледот со чоколадо и овошните торти. Те сакам за цела „Европа“ и „Милка“ , затоа што светот покрај тебе е чоколадно уживање. Те сакам заради сјајот во твоите очи што за мене се поскапоцени од сафирите. Те сакам заради малите дупчиња што се формираат при твојата насмевка, начинот на кој немарно ќе поминеш со раката низ косата и ненамерно ќе ја разбушавиш. Го сакам начинот на кој рацете ти се топли и во зима и ги грееш моите подобро од ракавици. Го сакам тоа што се шегуваш со мене, а толку лесно знаеш да се пошегуваш и на своја сметка. Те сакам затоа што пушиш како Турчин, а потоа се жалиш кога ќе го поделиме Сникерсот дека ќе внесеш многу калории. Сакам да те гледам додека возиш и рокаш некоја музика од бенд кој никој не го слушнал а човек не може да не се насмее. Го сакам начинот на мој ме гледаш кога поминувам покрај тебе и кога ќе ме прилепиш во својата прегратка и да ме бакнеш пред сите останати како да сакаш да ставиш етикета дека сум твоја. Сакам да се шетам со тебе низ градот фатени рака за рака, иако цел пат ќе го поминеш пекајќи дека не го сакаш тоа. Те сакам затоа што ги слушаш моите омилени песни на слушалките заедно со мене, иако не ти се допаѓаат. Те сакам затоа што светот завршува и почнува во тебе. Те сакам заради сите твои недостатоци кои те прават совршен. Те сакам затоа што ги читаш моите текстови и ги коментираш недостатоците и не промашуваш момент да ме пофалиш за нешто. Те сакам затоа што си секогаш покрај мене, затоа што првата порака на Фејсбук или мобилен мора да биде од тебе. Те сакам затоа што велиш дека не веруваш во цагери, а само онака немарно ќе се насмееш кога ќе фатиш еден. Те сакам затоа што си циничен за се и сешто, а умееш да се расплачеш на некој емотивен филм и да се вадиш дека ти влегло нешто во окото. Те сакам заради фраерот што си, а истовремено и едно малечко дете кое сака со сето срце. Те сакам затоа што си ваков каков што си и најпосле заради ништо посебно. Те сакам затоа што уживам денот да ми почнува и завршува со твоето име. Те сакам затоа што текстовите испаѓаат и едноставни и комплицирани заради тебе. И на крај?
Те сакам затоа што си поразличен од сите, заради насмевката што ми ја бранува душава, за твоите најубави очи, затоа што небото денес е сафирно чисто а сонцето немарно грее, затоа што ѕвездите се горе на небото и ништо повеќе, затоа што си неромантично романтичен. Те сакам затоа што светот ја добива смислата со тебе. И ништо помалку...
Monday, December 9, 2013
Фраер
-Еј, извини што доцнам.- Се насмевнувам извинувачки и седнувам до празното столче до неа. Во позадина ја слушам Under control и погледот како по обичај ми бега во скенирање на девојките што се овде во кафичов.
-Не се чудам уживај. - Ми подарува од оние нејзини совршени насмевки. Погледот сега ми е целосно насочен кон неа, забележувам дека ставила црвен кармин кој по ѓаволите совршено и стои. Облечена е во сив чемпер, темни фармерки и некои нови чизми.
-Нови чизми?
-Да.- Бавно кимнува со главата или можеби тоа само мојот мозок го успорува.
-Порача нешто?
-Не... Не знаев дали ќе дојдеш.- Слегнува со рамениците и збунето го крева погледот од нејзиниот смартфон. Го исклучува и повторно се навраќа на мене, внимателно ги вкрстува нозете.
-Ајде, знаеш дека секогаш доаѓам. Барем кога се работи за тебе.- Одговарам искрено и му мавтам на келнерот да дојде да порачаме.
-Можеби тоа е твојот проблем. Не си доволно заинтересиран за состаноците што ги договараш. Се чудам како бизнисот не ти пропаднал до сега. -Се обидувам да најдам сарказам во нејзиниот глас,но не можам. Погледнува во мене речиси ладно и наеднаш се чувствувам збунето и речиси исплашено. Келнерот доаѓа во незгодно време, па само отсутно порачувам Нескафе и чекам да си замине.
-Што треба да значи тоа? - Ја прашувам тивко, збунет од ваквото однесување.
-Ништо. Само... - Воздивнува длабоко. Не треба да сум некој експерт за да разберам дека нешто не е во ред.- Се обидувам да те сфатам, но не успевам.
-Но,ти... Ти ме познаваш најдобро од сите.
-Тогаш замисли како се чувстуваат другите. -Ми одговара со некоја чудна насмевка која знам дека не допира до нејзиното срце.
-Што се случува Миа? - Збунето гледам во неа. Зошто изгледа толку убаво па дури и кога е лута? И зошто не можам да се сосредочам на другите девојки кога сум покрај неа?
-Ништо, не те разбирам. Имав добри дваесетина минути да размислувам додека те чекав.
-За тоа се работи? Затоа што ме чекаше? Се извинувам затоа што доцнам, имав некој проблем со асистентот.
-Да,знам. Секогаш со твоите проблеми. -Испушта тешка воздишка. - Размислував како им е на девојките што ги користиш само од забава. Дали се заљубуваат во тебе, дали се рамнодушни...!? Јас сум ти само пријателка а со твоите постапки и тоа како знаеш да ме извадиш од такт. Размислував каков е животот во кожата на Даниел.
Му се заблагодарувам на келнерот кој ни ги носи кафињата и забележувам дека погледот еден момент повеќе му се задржува на Миа, а таа е целосно несвесна како секогаш. Се насмевнувам, сфаќајќи дека и тоа колку е прекрасна.
-Што се смееш? -Изненадено ја поткрева веѓата и пивнува од своето Нескафе.
-На тебе. Не забележуваш ништо што се случува.
-Што се случува? -Збунето погледнува околу себе. Толку е симпатична и наивна, што не можам повторно да не и се насмеам.
-Ништо посебно. -Слегнувам со рамениците.- И прашуваш како е да си Даниел !? Па, така убаво. Човек прави што сака, не се грижи многу за животот и за тоа што мислат другите за мене.
-Да,но сите тие девојки... Како се чувствуваат тие?
- Не размислувам за тоа. Си уживам со нив додека е интересно, додека не почнат со претерани повици и напади на љубомора зошто сум погледнал во друга, без да ми кажува правила и нејзини желби...
-Мислиш дека си неодолив фраер?
-Не мислам, знам дека сум.- Задоволно се смееме. -Не се преценувам себе, знам дека можам да ја смотам секоја девојка. Можам да погледнам во неа и да знам што посакува, дали забава,дали сериозна врска. Дали сака романтичен дечко кој ќе и ги симнува ѕвездите, папучар што ќе ја слуша што ќе каже без приговор или знаеш лошо момче кое може да им го преврти целиот нивни свет и да ги изложат на таа возбуда која тие ја посакувале.
-И ти си во која категорија? - Заинтригирано гледа во мене.
-Можам да бидам се. Но, не мора да бидам ниту еден. Девојките, па и жените сакаат добра забава. Понекогаш може да се случи да те прошета низ Европа, да ти купи некој скап подарок и слично.
-Во превод си жиголо.
-Така нешто,но не и целосно. Не барам јас ништо, не барам девојки со пари. Барам девојки кои ми се допаѓаат, девојки кои имаат намалена самодоверба а покрај тоа се и тоа колку прекрасни, девојки кои се дигаат високо во воздухот и мислат дека можат се...
-Во превод, бараш девојка да ја смуваш и да си поминеш убаво додека можеш пред да почне сериозната врска!?
-Кога го кажуваш така звучи лошо. Но, да тој е концептот.Не сум тип за сериозна врска, не можам да бидам покрај неа кога има ПМС, да и варам чаеви или да и правам појадоци наутро, да се грижам за неа кога е болна или уште полошо да ја гледам како плаче и да се мачам што по ѓаволите сум сторил погрешно. Не ми оди тоа.-Одговарам искрено, станувајќи свесен дека прв пат во животот сум целосно искрен со некоја девојка.
-Тоа е лудо. Не сакаш да се заљубиш никогаш? -Со неверување гледа во мене.
-Мислам дека љубовта е преценета. Луѓето се предаваат на тоа чувство, надевајќи се дека ќе го извлечат најдоброто, но секогаш завршуваат со солзи и скршено срце. Зошто човек да се подлегне на тоа, да ја положи својата доверба и љубов во рацете на некој непознат кога може да ужива во друштвото на сите?
-Затоа што на тој начин никогаш нема да дознае што е вистински да се сака и верува некому. Никогаш нема да почувствува нешто повеќе од тоа твоето ладнокрвно однесување дека не ти е грижа за светот. Но,мислам кому говорам. Не е дека некогаш ќе допрат зборовите до тебе затоа што ти немаш срце. -Превртува незадоволно со очите. -Зошто си ваков?
-Каков, шармер? -И намигнувам задоволно.
-Не, ваков ... Ваков идиот што не забележува ништо, ниту една вистина па дури и таа да се тресне од фаца.
-Како не забележувам. Ете,на пример русокосана спроти нас има одлични нозе. Мислам треба да си ја испробам среќата кај неа. - И се насмевнувам на девојката што се врти и ми праќа една заводлива насмевка. -Ете,гледаш.
-Гледам дека си идиот.- Бесно го облекува капутот и станува од столчето.
-Чекај, каде ќе одиш? -Шокирано гледам во неа и станувам до столчето.
-Дома,каде би одела. И мислам дека е време да ги отвориш очите а да не живееш во твојот филм на Казанова што си го создаваш. - Ја грабнува црвената чанта а на масата остава пари за кафето. Заминува пред да можам да кажам нешто, па само шокирано зјапам во неа со подотворена уста. Не ја запирам, збунето гледам додека не се изгуби а потоа се враќам на столчето. Што беше сега ова? И зошто се јавуваат овие чудни струи во градиве што не можам да ги анализирам. Немам повеќе желба за ниедна русокоса, ниту за никаква забава. Незадоволно зјапам пред себе и порачувам едно шише пиво. Се чувствувам како најголем кретен на светот и како нешто во мене да е скршено, но не сфаќам зошто. Ги затворам очите и наздравувам со мојата замислена Миа, не обрнувајќи внимание на погледите на девојките. За прв пат немам желба за ништо. Ја плаќам сметката и излегувам надвор. Чекорам незадоволно до автомобилот, чувствувајќи го студот како се приклештува за срцето и го крши како да е коцка лед. Помислувам на Миа и на кретенот што испаднав во очите на мојата најдобра пријателка. Само што нешто ми говори дека не е само тоа,но го потиснувам. Стискам на педалата за гас и се тркам против самио себе и чувствата. Не ми се потребни компликации, си го сакам животот во оваа моја замислена боја. Пуштам музика и се тркам со мислата на Миа. Можеби вечер ќе и се јавам. Ако до тогаш не ми пројде ова чувство на несоодветност во кожата на фраерот. Можеби...
Saturday, December 7, 2013
...
Ми недостасуваш... Знам колку едноставно звучат зборовите и истовремено одразуваат многу тага. Не знам дали зборовите некогаш ќе стигнат до тебе. Реално, не знам ни дали би имало смисла да се каже нешто повеќе. Знаеш, тагата не се опишува со неколку зборови онака штуро расфрлани на бел лист хартија. Па, дури и да се напише една цела филозофска книга за тебе и за тоа колку беше најпрекрасен нема да биде доволно. А да не говорам пак за тоа како срцево се скаменува во едно грутче камен кое ми тежи на градиве. И еве ги повторно солзиве кои доаѓаат како неповикани гости и ме гушат. Ме повредува вистината дека тебе повеќе те нема, дека сега си само останат во фотографиите и видеата кои секојдневно ги прегледувам во мобилниот. Знаеш, како да си загубен во некој кошмар и секој ден претставува битка со самата себе и со тоа дали вистината може да се промени. Дали ти можеш да се вратиш повторно назад... Посакувам зборовите да имаа некаква смисла, да можеа барем малку да ја ублажат оваа тага која зјае во мене и никако не замира. Можам само да ги затворам очите и да мислам повторно и повторно на тебе. Не сфаќам зошто постојано ми се вртиш во главата како да сум била заљубена во тебе. Да, вистина ми се допаѓаше но...
Сериозно, како да пронајдам зборови да објаснам како се чувствувам. Не е ни важно како се чувствувам. Важно е дека тебе те нема, дека сега си некаде се надевам на некое безбедно место и дека си среќен. Но,по ѓаволите и тоа како боли фактот со кој се будам секое утро, дека повеќе не си присутен. Дека нема никогаш да те видам, дека единствено ми остануваат некои фантазии за тоа што би можело да биде. Единствено можам да сонувам за тие немирно сини очи кои толку лесно ми ја брануваат душата. Еден момент сакам да искршам се затоа што животов и тоа колку е неправеден и игра некои заебани игри во кои не сакам да учествувам. Сакам едно утро да се разбудам и да помислам -Еве ова ќе биде добар ден... Но, не можам. Не откако ти си замина. Деновивте се мешаат во некои мрачни бои, светот ја губи својата димензија, галаксиите се мешаат со моиве чувства кои не можам да ги дефинирам. Почнувам да ги мразам брзите автомобили, не сфаќам зошто баш ти си морал да бидеш таму. Ми викаат судбина, но која судбина ти се молам!? Зошто секогаш заминуваат најдобрите личности? Не можам да се помирам со тоа, не можам да прифатам дека си ангел на небото и толку далечен од мене, од сите нас. Потребни се ангели како тебе на земјата,луѓе кои умеат да сакаат неограничено, кои се претерано згодни од кои ти застанува здивот а истовремено се и прекрасни луѓе ...
Но, нема да се вратиш. Ми стана тоа јасно уште од почетокот иако одбивам да верувам во тоа. Одбивам да верувам дека ќе поминат толку денови а ти нема да се вратиш. Одбивам да поверувам дека нема да ја видам никогаш повеќе твојата насмевка освен на некоја твоја фотографија, да поверувам дека си заминал засекогаш... Одбивам да плачам иако солзите секојдневно ме напаѓаат. Не сакам да знам дека ова e реалноста, повеќе би живеела во тој мој замислен свет во кој хероите секогаш остануваат насмеани и на нозе. А сепак секој ден ми е само потсетник на тоа што било и никогаш нема да се случи. И ја мразам таа празнина која ми ги пробива градиве како да се парче хартија натопени со мастило.
Поминува уште еден ден. Цела недела, цел месец... Тебе ќе те нема. Солзите ќе течат низ лицево и ќе ме потсетуваат колку сум слаба но нема да се вратиш. Претпоставувам дека еден ден болката ќе премине во некоја тага, солзите ќе пресушат. Можеби еден ден ќе ја погледнам твојата фотографија со насмевка, иако таа насмевка нема да биде целосно искрена. Знам дека нежно ќе го помилувам лицето небаре е вистинско, како ќе можам да ја почувствувам топлината на твојата кожа и мекоста на твоите усни. Повторно ќе се загубам во таа најубава сина нијанса на твоите очи иако ќе изгледа толку вештачки. Ќе ми остане горчината во грлото и беста кон судбината и животот затоа што не дозволуваат човек да биде среќен.Ќе ги затворам очите и ќе помислам на тебе. Празнината ќе ме обземе како некогаш, но ќе ме теши утехата дека ти си среќен. Барем на тоа ќе се надевам. Нема да помине ден без да помислам на тебе и да ги прегледам твоите слики. И нема да биде повеќе важно. Ништо нема да биде. Деновите ќе минуваат како празни страници од листови на книга, кои никој нема да ги забележи. И утре и денес се ќе остане исто само ќе се промени датумот. Можеби еден ден ќе погледам во синото небо без болката и помислата колку ми недостасуваш. Можеби еден ден светот ќе прерасне во некое среќно место иако ти нема да бидеш тука. Најверојатно тогаш ни мене ќе ме нема. Ќе помине денов,уште еден после него... И така до бескрај. Желбите ќе останат само желби а среќата ќе ја бараме на друго место. Ќе бидеш опкружен со луѓе и ќе се чувствуваш толку сам затоа што никој нема да биде како него. Ветрот ќе ме удира бесно во градите, времето ќе лета пред очиве а животов... Животот ќе остане само едно ветување за тоа дека треба да се биде среќен...
Tuesday, December 3, 2013
Ти,јас,животов...
Дознавам дека си добро, не ме прашувај како. Дека си продолжил со животот и дека си среќен. Покрај себе имаш девојка која те сака и во која си искрено вљубен. Си го средил животот, се имаш откажано од цигарите за кои некогаш јас ти префрлав секојдневно, го имаш започнато животот онака како што треба. Си се запишал на факс, си решил да станеш господин и да го следиш својот сон и да им помагаш на луѓето без домови како што некогаш ми велеше. Среќен си, го знам и тоа, знам дека сега се осмелуваш да леташ горе меѓу ѕвездите. Веројатно се шеташ со новата девојка фатени рака под рака и и кажуваш романтични работи кои мене никогаш ми ги немаш кажано. Знам дека кога ќе видите ѕвезда ќе замислите желба. И знам дека на неа и се смееш,ја преставуваш на своите другари гордо и се гордееш со неа. Таа е се што јас не сум била и нема да бидам. И реалано не ми пречи тоа како што мислев дека ќе ми пречи. Сфаќам дека јас и ти сме различни светови, но мило ми е што си ја нашол својата ѕвезда под небото. Среќна сум за тебе,иако знам дека никогаш нема да те заборавам. Знаеш,велат дека човек сака еднаш искрено а јас тоа право си го потрошив. Но,ова е животот знаеш. Сакам да бидеш среќен,да ги правиш сите работи што некогаш ми кажуваше дека си ги посакувал. И да,среќна сум и јас. Можам да направам уште работи,но среќна сум и вака. Денес и утре и засекогаш. Еден ден ќе се сретнеме и ќе бидеме само далечни странци кои некогаш се сакале. А денес сме само јас и ти, Ти-мојата прва љубов,Јас-девојката на која ја праќаш првата порака кога ќе се разбудиш.
Subscribe to:
Posts (Atom)






