Remember our first hello?
The sunshine was lost in your hair,
the moment when our eyes met
there was nothing special about it
but sometimes I feel like I lost myself there.
You would say, they are eyes just like millions of others,
and yet my heart only trembled from your look,
my hands only searched for yours when I was lost in the darkness,
you were the first person I would think of
every morning and every day since I met you.
I know I never told you I loved you,
I've never told you - you were the wound I would complain about,
that emptiness inside me that was giving me nightmares...
I never told you that I loved it when you were holding my hand,
without special reason,
when you would lay on my knees and smile
like I was your angel to guide you through darkness.
I would only tell you some common stuff,
like- I want you to be always happy,
or I would wish you good night and good morning,
and would hope you would call me when you are drunk,
I would share my favorite song, hoping it will be yours favorite too.
Maybe, I would believe happy endings existed,
maybe you would hear the song from the chords of my little heart,
maybe one day...
Maybe our eyes would meet again in a crowded room,
but we will be all alone,
you will take my hand in yours
and we will travel on the moonlight shine.
Maybe I would be your favorite hello,
oh maybe, maybe, maybe...
Do you listen this despair from my heart?
Take my hand, let's go,
let's create the emptiness for us - two,
like you were mine and I was your,
One soul splitted in two bodies...
Sunday, January 18, 2015
Wednesday, January 14, 2015
Местото на кое припаѓам
Знаеш, цел живот бараме место на кое припаѓаме. Место на кое се чувствуваме сигурно, место каде сме среќни... Некаде каде што ќе можеш да бидеш ти секогаш ти, со распуштена и лошо исчешлана коса, без шминка ниту тој неудобен градник што одвај чекаш да го симнеш кога си некаде излезена, да седнеш со чаша чај или какао на фотелјата со книга во рака, некогаш без посебна причина да се напиеш црвено вино... Цел живот ја бараме таа слобода, но да ти кажам искрено ретко кој ја пронаоѓа. Можеби сме задоволни од тоа наше удобно место во кое сме се нашле и престануваме да бараме. Се убедуваме дека сме среќни тука каде што сме, можеби не вистински среќи, но барем ни е удобно, зошто би ја изгубиле удобноста минувајќи во таа потрага која можеби никаде нема да не доведе...
Изморено ги отворив очите, забележувајќи го Арагорн покрај мене како задоволно си лежи на своето омилено место во светот, џвакаји ја како по обичај папучата која колку и пати да ја скриев секогаш ќе ја пронајдеше. Се смеам, свесна дека можеби по неколку месеци конечно излегувам од таа сопствена криза што самата си ја приредив. Конечно не се будам ноќе сонувајќи нешто ужасно и не плачам затоа што иднината во тој момент ми изгледа безнадежна. Првото нешто што го правам наутро не е повеќе да погледнам колку е часот, ниту ги бројам минутите. Се чувствувам послободно, не посегнувам до празното место од креветот до мене и не чувствувам како срцето за момент ми се стега. Не ги затворам повеќе очите и не те замислувам тебе покрај мене, не те замислувам облечен во сивите пижами, како секое утро те набљудувам затоа што се будам порано од тебе, ги гледам пегите на лицето добиени од сончање, го следам рамномерното подигање на градниот кош, не замислувам како ми се насмевнуваш свесен дека те набљудувам и ме бакнуваш. Другарка ми, која е дипломиран психолог, ми кажа дека премногу се врзувам за такви детали. Во право е. Понекогаш ќе седнам да читам книга и ќе ми текне на некој момент кој треба да биде изгубен во редицата на спомени. Ќе ми текне како задоволно се радувавме затоа што Германија ја победи Аргентина на Светско, се сеќавам дека во тој момент чувствував дека се' во животот можеби конечно е на свое место. Знаеш, си замислував дека можеби ќе изградам свој дом, место на кое конечно ќе припаѓам.

Го погалив Арагорн, му се насмевнав тажно додека ја остави папучата и ми ја лижеше раката.
-Ајде, убав мој. Да те нахраниме. - Го гушнав нежно, задоволна што е тука покрај мене.
Како по обичај ме следеше до кујната, мавтајќи го опашот изразувајќи ја среќата за храната што знаеше дека ќе ја добие. Го гледав седната на столот, со штотуку направеното кафе како ужива во својата порција. Во последно време доста ослабев, не го препознавав својот одраз во огледало. Почнав со некои нездрави навики, јадење еднаш до два пати дневно надвор, пушење по една до две кутии дневно и запоставување на социјалниот живот. Чудно е како го оставив целиот свој живот и она мое мислење дека нема да бидам една од оние разочарани и скршени само затоа што некој дечко ги оставил. Ги склопив очите, обидувајќи се да и избегам на празнината што никогаш не ме напушташе. Чудно е како оддеднаш се' станува поразлично и не се сеќаваш повеќе на личноста која си била. Како одеднаш да го губиш идентитетот, стануваш автоматски, разговараш автоматски. Се криеш од светот, исплашена дека можеби ќе те осудат заради тоа што си ранлива, што лузните се сеуште свежи. Или можеби едноставно се плашиш од моментот кога спомените ќе дојдат а нема да можеш да им избегаш. Не сакам да бидам една од оние девојки што се распаѓаат повеќе.
Се пресосблекувам од пижамите, следена постојано од Арагорн. Во некои мали ситници како оваа безусловна љубов на мојот лабрадор сфаќам дека едноставно трагаме по погрешни работи. Ги облекувам тренерките, овојпат внимавајќи на изгледот. Последниве три месеци, го облекував она што прво ќе го најдев, книгата беше ставена на пауза, кога и да седнев ќе размислував за нас, ќе размислував кои грешки сум ги направила, ќе размислував за оние времиња кога ќе му пратев да го прочита поглавјето и да го искритикува знаејќи дека секогаш ќе добијам искреност. Ми фали само да го набљудувам како нервозно пцуе затоа што го убиле во некоја од омилените игри, а тој да не приметува дека сум тука. Ми фали да му го закопча фустанот и да почувствувам трпки во телото од неговиот допир, да се изгубам во неговиот поглед, несвесна за останатиот свет. Ја чешлам косата, проклето свесна дека се враќам на самиот почеток. Барем ги нема солзите и онаа стара театралност, ги нема цигарите веќе две недели и почнувам да се враќам на стариот режим на исхрана. Подголтнувам и тешко издишувам. Конечно изгледам барем малку како старата јас, не онаа патетична верзија од себе која ја презирам. Го погалувам Арагорн кој се враќа на мојата папуча и се смеам. Ме следи задоволно до вратата, ги земам клучевите од наткасната во ходникот и ја отворам вратата. Пред себе го забележувам него, за момент времето ми се чини запира и ја чувствувам само сопствената вртоглавица.
Сепак, Арагорн ме враќа во сегашноста моткајќи се околу нозете. Го смирувам галејќи го и се навраќам на него. Сум заборавила колку е длабок неговиот поглед, како целата темнина и светлина да се наоѓа таму. Изгледа лошо и збунето, иако во споредба со она што бев...
-Што сакаш ти? - Ги скрстувам рацете и гледам во него остро, очајно обидувајќи се да ја задржам својата присебност. Гласот не ми трепери и си честитам заради тоа.
-Ова... Повеќе пати навраќав наваму, а никогаш не се осмелив да се качам. Само се надевав дека моеби ќе те сретнам некаде, но никогаш те немаше...
-Не ми одговори на прашањето. Што сакаш од мене? Ти стави крај, се сеќаваш? Ти беше тој што ги игнорираше моите повици...
-Знам. По ѓаволите, свесен сум. Може да влезам? Ајде, само на пет минути. Знаеш дека Веска може секој момент да излезе и да ни направи сцена.
Се потргам несигурно од вратата, збунета од него и од сопствената попустливост. Или можеби кога сакаш искрено, ја оставаш гордоста настрана!?
-И?
-И свесен сум дека сум кретен. Свесен сум дека не те заслужувам. И не го кажувам ова затоа што тоа сакаш да го слушнеш.
-Не е дека ми е баш желбата.
-Ова... Направив многу грешки. Ме знаеш мене, неспособен да ги искажам чувствата, ниту да си ги признаам себеси. Цел живот бегав од љубовта, а ова со тебе... Ми се чинеше премногу реално. И сакав да избегам од тоа. Сакав да избегам од тоа да бидам еден од оние што ги критикував, оние чиј цел свет се менува затоа што се заљубуваат.
-Избега... Јас никогаш не те држев до мене.
-Знам. Не ми отежнувај. Но, сакам да бидам овде. Со тебе и Арагорн. Го сакам тоа клише. Знаеш... Се плашев дека не сум доволно добар за тебе. Се плашев од тоа дека еден ден ќе се освестиш и ќе се запрашаш што си видела во мене. А ти секогаш беше покрај мене. Секогаш присутна... Не сакав да те изгубам подоцна, се плашев дека ќе боли повеќе. Но, размислувам постојатно за тебе. Размислувам за нас. Ќе легнам вечер и нема да можам да заспијам. Ќе размислувам колку беше убава оној ден кога се запознавме... Ќе ми текне како сабајле ја чешлаше косата и се шеташе наоколу низ станот во моја кошула. Ми недостасува твојата насмевка, тие мали брчки околу очите кога се смееш искрено. Ќе ми фалеше да го земам твоето лице и да те бакнам. Ми фалеше ти. Само ти...
-Ова...
-Сфатив нешто. Мислев дека местото на кое човек припаѓа е дом, некој стан, некоја напуштена автобуска станица можеби. Сега сфатив дека тоа се луѓето. А ти си таа на која и припаѓам. Твојата прегратка е тоа место, со шише пиво и карајќи се дали Реал или Барселона се подобри. Смеејќи се и карајќи се. И убави и лоши моменти. И не, не сум некој поет кој често ќе ти пишува стихови, нема да ја величам твојата убавина, иако сметам дека си прекрасна. Кога најмалку се трудиш да бидеш. Не сум човек што повторно ќе ти го каже ова, знаеш дека ретко ќе ти кажувам дека те сакам. Но, те сакам.
-И јас те сакам...
Кимнувам со главата, чувствувајќи ги солзите по лицето.
-Извини што нема цвеќиња.
-Абе ајде. Ако имаше, ќе те прашам што си направил со мојот дечко.
-Паметна ти!
Ме бакнува пред да одговорам нешто. Цврсто ме припива до себе и тука се чувствувам сигурно.Арагон ни се мота околу нозете,но и тоа ми изгледа совршено. Можеби е во право. Местото на кое припаѓаме се прегратките на луѓето. Можеби едноставно е толку едноставно и сложено истовремено...
Saturday, January 3, 2015
Да и кажам: Моја си! Моја и само моја...
Еден ден, се' што сакаш ќе се промени. Се' во кое си верувал ќе го смени вртоглаво својот правец и ќе останеш сам на таа раскрсница.
Еден ден ќе седнеш на каучот со пиво во раката уморен од напорниот ден. Ќе пуштиш некоја програма, иако нема да ти го привлече вниманието, ќе се растегнеш уморно, обидувајќи се да се убедиш себеси дека е добра идејата да се напиеш еден Далерон. Ќе ги затвориш немоќно очите, чувствувајќи како животот ти бега од колосек. А се што ќе ти се појави пред очите ќе биде нејзиното лице. Исплашено ќе ги отвориш очите, чувствувајќи како оддеднаш срцето ти чука забрзано. Можеби едноставно, ќе се убедиш, дека си премногу уморен од се'. Ќе си легнеш на каучот, ќе се загледаш во некоја досадна програма за писателите од деветнаесетиот век. И повторно онака, несакајќи ќе ти пролета мисла дека на неа би и се допаднала програмата. Дека би било интересно таа да е покрај тебе и да дискутирате за тоа.
Не!
Ќе ја смениш програмата, бесен на себеси. За момент ќе се запрашаш зошто се навраќаш постојано на неа. И иако го знаеш одговорот и сам, сепак нема да си признаеш. Не сакаш да бидеш уште еден од оние чиј живот се менува затоа што запознале некоја девојка. А мозокот како за инат ќе ти испрати некој спомен од неа, како задоволно те гледа и се смее, се смее на оној начин на кој веруваш дека и самиот снег би се стопил доколку му се насмее. И косата несредена како секогаш и паѓа директно во очи а ти сакаш да ја вратиш на своето место. Ја растресуваш главата, губејќи ја таа слика. Нека и седи несредена како секогаш!
А знаеш дека нема да те остави споменот за неа. Ќе те следи уште, додека си седиш во соба и се прашуваш како си поминала вчера. Како би изгледала во оној црвен фустан припиен за телото, со црвен кармин. Или пак облечена во она најобично издание, кога сакаш да ја сликаш а таа се жали дека не е ништо посебно. Како да и кажеш дека тогаш ти е најубава?
Сакаш да ја видиш, а сакаш да е подалеку од тебе. Да ја чуваш подалеку од срцето кое решило дека е способно и само да тргне на пат без да те праша што мислиш ти. Ќе се запрашаш дали можеби мисли на тебе, а потоа бесно ќе го отвориш прозорецот и ќе се загледаш во белината.
А некоја чудна желба повторно ќе се јави од никаде. Ќе ја посакаш тука, покрај себе. Ќе сакаш за прв пат да се бркаш по снегот и да правиш снежни топки. Ќе го засакш снегот доколку таа е покрај тебе. Го знаеш тоа...
И повторно ќе надвладеат спомените, свесен дека нема да можеш да избегаш од нив. Ќе сакаш таа да е покрај тебе, да се напиете чај или кафе и да ти дискутира зошто повеќе го сака Достоевски од Иго. Или ќе се запрашаш дали ќе и се допаднат слатките од мајка ти и дали можеби некое би и било омилено.
Ќе легнеш во креветот, ќе зјапаш во плафонот повторно следејќи те тоа чудно чувство што ти ги стега градите. Да, убаво би било доколку би била сега со тебе и би лежела во прегратка. Убаво би било да те насмее со некоја глупава шега која нема да ти биде претерано смешна а ќе се смееш повеќе од било кога. Сакаш да ја држиш за рака и да ги гледаш ситните брчки додека се смее и ти раскажува како и поминал денот. Сакаш да и го тргнеш тој прамен кој ќе и падне во очи и да те погледне на оној чуден начин што ти буди оган во стомакот. Сакаш да ја бакнеш, да и кажеш Моја си! Моја и само моја. Па, иако не е до тебе. Иако можеби е со друг.
Сакаш да сонуваш за иднината. Би сакал да имаш ќерка, да биде мала копија од неа, со мало носе и бушава коса. Сакаш да си замислиш дека трча во твојата прегратка уште недоволно сигурна на своите нозе, ти ја земаш во прегратки и слушаш како малото девојче ти раскажува како и поминал денот. Сакаш да ја бакнеш неа, додека децата ви прават чудни звуци демек се гадат, да и се пожалиш дека шефот е идиот и не ти дава покачување со едно старо објаснување.
Сакаш да биде твоја. Само твоја, дури и кога не е. Сакаш да гледате заедно филм, да ги гледаш нејзините глупави серии или некој фудбалски натпревар. Сакаш да го осетиш нејзиното тело припиено до твоето, да ја потпре главата на твоите гради додека ја гледаш небаре е магија. Ја сакаш неа. Ќе ти текне, ова е тој момент кој цел живот си го барал. Таа е вистинската...
Ќе сфатиш дека секој ден со неа е различен. И сакаш кога она те нервира иако ти ги кине живците. Сакаш да ја замолчиш со бакнеж, сакаш да го гледаш тој оган во очите додека се обидува да те убеди во нешто. Сакаш да запалиш оган на некое осамено место, да ја прегрнеш и да ја бакнеш во чело. Ги сакаш ѕвездите, да и ги подариш на неа, да ја слушаш како измислува приказни за тоа што има горе. Сакаш да заминеш на патување со неа кое ќе трае цел живот затоа што знаеш дека нема да биде никогаш досадно. Знаеш дека кога ќе се пресечеш додека се бричиш и бесно ќе опцуеш, ќе те натера да се намачкаш со алкохол и ќе те бакне за побрзо да ти помине. И знаеш дека ќе се насмееш. Затоа што ја сакаш. Затоа што знаеш, таа е вистинската...
И само длабоко ќе воздивнеш, со телефонот во раце и со таа широка насмевка на лицето. Знаеш дека сите другари вечно ќе те заебаваат затоа што си станал папучар и си се заљубил, но дека повеќе не е важно. Затоа што знаеш дека сите ќе ја сакаат неа. Затоа што е забавна, насмеана, прекрасна. И само твоја...
Monday, October 20, 2014
Каде што спие љубовта
Не ти кажав никогаш што чувствувам. Не затоа што немав чувства или не сфаќав дека ги имам. Секогаш кога ќе те погледнев покрај себе, секогаш знаев точно што чувствувам. Не знам да кажам точно дали се плашев од чувствата, од тоа дека доколку ти кажам никогаш повеќе не би ме гледал во исто светло. Или можеби не сакав да ме гледаш расплакана или онака во несредена и лоша емоционална состојба во која со болка ги гризам усните додека не ги раскрварам за да не се откријам.
Се обидов да глумам пред себе дека не ми значиш толку. Но, знаеш тоа е исто како да се обидував да се убедам себеси дека небото е црвено иако јасно го гледав во таа совршена сина варијанта. Чудно е како и по олку време ми треба само да ги затворам очите и повторно да ја почувствував таа љубов како ме влече кон тебе небаре сум во самиот вртлог.
Не си признавав долго дека умеам повторно да сакам. Се плашев од себеси, се плашев да се погледнам во огледало и да забележам дека очите повторно ми сјајат и го немаат тоа сивило што ме одалечуваше од сите. Се плашев од вистината што повеќе не ја познавав или можеби дека сум заборавила да сакам и би те повредила.
Свесно и го забранив местото на среќата во животот затоа што мислев дека повеќе нема среќа за мене. Се плашев да си дозволам да бидам среќна затоа што не знаев што ме очекува утредента. Не сакав да застанам на половина пат и повторно да морам да се враќам назад собирајќи ги остатоците од душата и молејќи се да ги најдам сите парчиња во некоја добра состојба. Беше во право оној ден кога ми кажа дека имам премногу фобии од светот. Се сеќаваш, оној ден кога цврсто ми ја стегна раката и ме погледна како да сакаше да ми кажеш дека секогаш ќе бидеш тука покрај мене. А го сакав тоа. Сакав да те гледам секој ден покрај мене, иако не на истиот начин. Сакав да ми бидеш тоа Сонце што ме грее дури и во дождливите денови. Сакав да си ја поматам свеста за постоењето и повторно да научев да сакам. Се плашев дека нема да ти бидам доволна, бев она стакло кое ги одбиваше сончевите зраци и се плашеше да осети топлина.
Не ти кажав многу работи. Не ти кажав дека си најубавото нешто што ми се случило во животот, дури и во оние моменти кога чувствував дека срцето полека се распукува во градиве. Не ти кажав дека светот е најубав во оние нијаси во кои ти ќе го обоеше. Или дека сакав да се изгубам во страста во очите твои кога се прашував што е тоа што ја буди.
Не знаев дека љубовта е како розата, убава и полна со трња, но дека бев спремна да се изгребам и да крвавам за да ја држам розата во раце. Или дека не можам да очекувам да дојде среќата а да седам на место и да се плашам да ризикувам. Наместо тоа ги собирав парчињата стакло од сопствениот одраз што го искршив и не се осмелував да те погледнам во очи. Се плашев од срцево кое чукаше забрзано во твоја близина, се плашев од исклишираните приказни што си ги создавав...
Полесно беше да те одалечам од себе, наместо да ризикувам. Верував дека беше побезбедно. Заборавив дека срцето не заборава, без разлика со колку пепел ќе се обидеш да го задушиш пламенот. Остануваат тие искри кои еден ден се будат и те гушат. Останува неискжаната приказна и чувства што можеби некогаш сум ги прочитала во книга. Останува она што срцето го посакува и твоето име кое останува тој немир што ниту годините не го носат со себе.
Повремено ќе наминам на сите места на кои сме биле заедно. Понекогаш ми се чини дека не гледам двајцата и се чудам како сум можела да си ја забранам среќата, кога сум била таа насмеана девојка на која светот ништо не и можел. И тогаш само ќе ги затворам очите во обид да се изборам со горчливите солзи и безнадежноста. Понекогаш сонувам дека ќе те сретнам по некоја улица сосема случајно. Дека можеби нема лутина кон мене и дека би надвладеале убавите спомени. Но, веќе во другиот момент повторно се плашам да и погледнам на вистината во очи.
Беше во право кога велеше дека за да добиеш нешто, мораш да дадеш многу. Или цел живот да се прашуваш што ако...Или кога ќе ми кажеше дека секогаш во животот ќе згрешиш, свесно или несвесно. Многу пати ќе бидеш повреден. Но, доколку имаш личност која ќе те чува во темнината и ќе биде твоја светлина, имаш повеќе од што можеш да биде свесен. Не секоја приказна мора да биде совршена за да ги исполни сите пукнатини што постојат во твојата душа. Можеби еден ден ќе сфатиш зошто сакаш некого и зошто и покрај тоа што си се плашела си тргнала на тој навидум непознат пат, можеби еден ден ќе се разбудиш во празна постела и ќе сфатиш дека си го прокоцкал животот затоа што си барал многу. И токму заради тие ситници ќе сфатиш дека не си погрешил. Дека повеќе не се плашиш од зајдисонцето затоа што имаш со кого да ја поминеш ноќта...
Sunday, September 7, 2014
,,А сега животот е само притока која ме носи со себе"
Понекогаш онака знам да се навратам на неа во спомените. Лажам, често знам да ја побарам во тој чуден хаос од спомени кои си играат со главата. И секогаш е толку реална и насмеана што се прашувам дали изминатите години биле лага. Дали можеби и шишево ракија во ракава е лага и тој сопствен одраз што бесно ме демнее од огледалото е лага?
Се сеќавам јасно на првиот ден кога ја видов, иако долго време глумев дека сеќавањето ми е матно за тој ден. Мислам дека уште од тој ден се заљубив во неа, иако бев оној циник кој ниту пет пари не даваше за љубовта. Не ги сакав нејзините исклиширани романтични фантазии, можеби делумно затоа што знаев дека никогаш не би се вклопил во нив. А сакав да се вклопам, сакав да бидам дел од нејзините розови фантазии и да ме гледа мене со светлина во тие нејзини немирни очи. Подоцна дознав, дека и сите фантазии не и биле баш розови и таа се борела против сопствените демони, можеби и повеќе од што самиот јас го правам.
Ја сакав затоа што беше нежна, кревка и строга во исто време. Тоа само на нејзе и успеваше и повремено на мајка ми. Можеше да ме убеди да го украдам светот за неа и ќе го сторев тоа без никакво размислување. Сакав да го прегрнам нејзиното кревко тело онака цврсто и заштитнички како да сакав да ја одбранам од целиот свет. Сакав да се загубам во нејзиниот мирис, не парфем, туку мирисот на кожата која беше секогаш толку мека под мојот допир. Ја сакав затоа што ме потсетуваше на слобода, на долги бескрајни плажи и ѕвездено небо, затоа што го истакнуваше најдоброто кај мене и секогаш беше тука покрај мене. Можеби и повеќе од потребното.
Сега сфаќам дека безгрижно сум се однесувал кон работите кои ми биле важни, а сум им придавал значење на небитни работи. Мислев дека секогаш ќе го имам утрешниот ден да и кажам дека ја сакам. Секогаш ја собирав храброста и секогаш ме напушташе кога ќе бев покрај неа загубен во нејзината појава. Мислев дека утрото ми е загарантирано, никогаш не помислив дека светот може да ти се урне еден ден под нозете. И искрено, се плашев дека не ја заслужувам, дека никој реално не е доволно добар за неа. Еднаш ми кажа луто да не ја преценувам, но не можеше да се види низ моите очи. Некогаш и свесно ја повредував, иако мене ме болеше повеќе од неа. За мене таа беше Сонцето и дождот што ми даваа надеж и виножито во мојот мрачен свет. Никогаш не очекував дека Сонцето може да згасне и дождот да пресуши.
Но, се случи и невозможното. Таа замина засекогаш. Чудно е кога понекогаш си водам замислен разговор со неа и се обраќам со - Онаа која веќе ја нема. Можеби повеќе би одговарало, мојата насмевка, затоа што со неа згасна и насмевката. Долго време ми требаше да го прифатам фактот дека повеќе ја нема. Мислам дека сеуште го немам прифатено. Чудно е, како да е чадот од цигарите, снемува за миг и ми остава солзи во очите и празнина во градиве која сеуште зјае.
Деновите се мрачни, тишината ужасна. Ме прогонува насекаде, иако никому не признавам. Сакам да живеам со нејзиниот призрак, подобро ми е тоа отколку да останам сосем сам. Понекогаш, ќе гледам некој филм и се прашувам дали би и се допаднал. А солзите течат по лицето и пред да се свестам. Животот стана притока која ме носи со себе и не се противам. Станиците минуваат пред очиве, но знам дека на ниедна не сакам да се симнам. Никаде ја нема неа. И често ќе се напијам, ќе си го отрујам телово со цигари, но во тие моменти најмногу сум сигурен дека сум жив. На моменти ми се чини и дека ме прекорува.
Никогаш не помислив дека во еден момент може да се урне се. Небаре животот е кула од карти и доволно е само малку ветар да се уништи сета мака. Да знаев, ќе постапев поинаку. Немаше да го чекам возот кој никогаш не доаѓа. А сепак, тука е. Во спомените, срцево, во другите луѓе. Пожива е дури и од мене. Понекогаш се прашувам дали е ова само кошмар и утре повторно ќе ја видам и ќе ја прегрнам силно. Или можеби јас сум тој што не постои, само едно нејзино сеќавање. И секогаш останувам на тоа можеби кое не ми носи надеж...

Monday, June 9, 2014
Збогум
-Јас... - Гледаше во него збунето, нервозно гризејќи ја долната усна и обидувајќи се да се насмее онака безгрижно.
-Што е? - Збунето ја гледаше обидувајќи се да открие што е тоа што ја мачи. Не можеше да го увери таа насмевка дека се е во ред.
- Сакав да ти кажам збогум. - Зборовите ја оставија таа горчина во грлото што ја мразеше. Се чувствуваше слабо, ги мразеше сјајните ѕвезди и полната Месечина, го мразеше тој збунет израз на неговото лице кој значеше дека не разбрал ништо, а самата знаеше дека никогаш нема да може да му објасни се...
-Каде ќе одиш? Несигурно ги поткрена веѓите, обидувајќи се да го објасни тоа студенило што наеднаш го обли.
-Некаде далеку. -Слегна со рамениците како тоа да беше најочигледното нешто што можеше да му го каже.
-Но, зошто вака одеднаш? Каде?
-Не е одеднаш. Едноставно, така мораше да биде. - Подголтна, обидувајќи се да се соземе. Сега најмалку што и беше потребно беше да се јават сите тие емоции што ги криеше изминатиов период.
-Јас... Не сфаќам ништо. - Упорно гледаше во нејзините очи, во кои не можеше да прочита ништо освен некое студенило. - Кога ќе се вратиш?
-Не се враќам повеќе... - Се насмевна тажно, чувствувајќи ги солзите на врвот на клепките. Сакаше да ги затвори очите и да се препушти на ветрот, да заборави на животот и болните удари, да заборави на тајните кои ги криеше и и создаваа само проблеми и болка. Сакаше да заборави на се и да може како некогаш да се насмее искрено.
-Чекај... - Со неверување гледаше во неа, обидувајќи се да ги разбере последните зборови. Таа заминува засекогаш? Но...- Не можеш да си заминеш. Не сакам да си одиш. - Гласот му трепереше, мразеше што се прикажува во ова емоционално светло кое не го сакаше никогаш.
-Тоа е. Едноставно, понекогаш нашите желби и оние на животот не се совпаѓаат.
-Зошто? -Повторно тоа неминовно прашање кое не му даваше мир. Сакаше да знае се, сакаше само да ја прегрне и да не ја пушти да си оди. Сакаше да остане тука...
-Затоа што така мора да биде. Не можам да ти објаснам ништо убаво. Мислам, немам ни што да ти кажам. Знаеш веќе, постојат порази кои мораш да ги прифатиш и да не се бориш со нив. Не затоа што не посакуваш, сакаш да му се развикаш на светот во лице, да знае колку те повредил, но знаеш дека битката е изгубена и ја трошиш енергијата за ништо. И мораш да прифатиш...
-Не сакам. - Одмавна бесно со главата, свесен дека се однесува како мало дете. Но, не сакаше да го прифати тоа што таа му го кажуваше. Можноста да не ја види повторно, едноставно му ги кинеше бесно градите и му оневозможуваше правилно да дише.
- Но, мораш. - Му подари една од оние горчливи насмевки кои и оставаа лузни во душата.
-И што ова е збогум? Кажуваш чао засекогаш и никогаш повеќе ниту те гледам, ниту те слушам, ниту ништо??? Треба да заборавам дека воопшто си постоела?
-Подобро ќе биде така и за двајцата. Едноставно... Едноставно, човек мора да стави точка пред приказната да стане премногу болна.
-Не те разбирам.
-Подобро е да не разбереш. -Слегна со рамениците збунето. Како да му каже каде е тоа некаде далеку кога ни сама не знае каде е тоа? Како да му каже дека не сака да замине ни самата, но мора да замине некаде засекогаш. И таа сака да остане овде, но едноставно...
-Зошто воопшто почнуваш нешто и не го довршуваш? Не сфаќам...
-Затоа што нема што да се доврши. Само залудни желби...
Ја прегрна збунето, чувствувајќи ги солзите како полека се слеваа низ неговото лице. Имаше толку работи што сакаше да и ги каже, сакаше да ја замоли да остане, да не заминува така ненајдено, сакаше да и раскаже за сето тоа што го научил за светот, за тоа дека таа беше негово Сонце, но нешто во нејзиниот глас и очи го предупредија да не започнува. Не му се допаѓаше тишината, не му се допаѓаше светот со тие глупави правила кои не ги разбираше колку и да мислеше дека сфатил нешто. Само уживаше во слабото тело припиено до неговото, во нејзината топлина, свесен дека ова му е последен пат да ја почувстува блиску до себе.
Таа збунето ги пушти солзите да се разлеат низ нејзиното лице, свесна дека маскарата и е разлеана, а душата скршена. Не сакаше да заврши ова вака. Имаше многу работи што сакаше да ги каже и направи. Имаше многу што сакаше да открие, да осознае и освои. Но, повторно стоеше таа препрека што животот ја ставаше пред неа, а знаеше дека нема начин да ја премине. Го стегна посилно, губејќи се во чувството на топлина кое го почувствува по подолго време. Нема да го види повторно, подобро е така за двајцата. Нема да стојат тие неискажани зборови и болка. Нека ја памети насмеана и среќна, не во таа ужасна состојба кога ќе заминува. Знаеше дека тоа е малку себично, но барем ќе биде среќен. Брзо ќе ја заборави, иако сега нема да му изгледа така. Но, барем ќе ја памети како онаа девојка која го сакаше светот, насмеана и среќна...
-Плачеш? - Зунето ги избриша солзите од нејзиното лице, чувствувајќи се поразен.
Само отсутно кимна со главата, свесна дека не може да ги сокрие емоциите. Повторно ја прегрна, длабоко воздивнувајќи. Во тој момент не сакаше да биде на ниту едно друго место. Знаеше дека животот никогаш нема среќен крај. Но, овде во неговата прегратка, иако скршена и свесна за болката и иднината, беше среќна на некој чуден начин...
Wednesday, May 7, 2014
Девојка од мастило
Понекогаш целиот свет се сведува на неколку можности. Понекогаш дури ни целиот свет не е доволен за исполнување на твоите сништа. А во некој друг случај како мојот се наоѓаш заробена во една малечка кутија која ја нарекуваш соба и се обидуваш да излезеш од меурот што полека те оделува од надворешниот свет. Нервозно со раката преминувам преку неисчешланата коса, лицето ми е послабо од обично, можам да се кладам дека подочњаците ми се доволно големи за да ги забележи некој што би поминувал покрај куќата и онака случајно би погледнал кон мојот прозорец. Дури ни чудниот мирис на расипано вино и непроветреност не ме тераат да се разбудам од таа чудна кома во која сум западнала и се борам против некое чудовиште во мене што гладно се бори да излезе на површината. Искрено, не се сеќавам на последниот ден кога имам јадено, се наоѓам загубена во спомените и датумите кои отсутно си ги менуваат шарите пред уморниве очи. Не можам да се сконцентрирам на ниту една точка подолго од пет секунди, ми се чини дека главата ќе ми експлодира секој момент. Усните ми се суви, ја чувствувам сопствената беспомошност која очајно води борба со тврдоглавоста која не сака да попушти. Ја палам цигарата и уживам во чадот кој ми ги полни градите и за миг ја носи беспомошноста. Во тој еден краток момент чувствувам дека мислите се враќаат на своето место во оваа празна црпка но и тоа за жал трае само некој краток момент.Воздивнувам и шприцам некој парфем што не паметам од каде се нашол на мојата работна маса која е расфрлана со обични дрангулии, искинати хартии или згужвани во некоја топка, обетките кои не ми текнало да ги вратам во нивната кутија, чашата од која пиев црвено вино и сеуште го има тој црвен отпечаток од карминот. Го земам гломазниот прстен со црни камчиња и маѓепсано го испитувам додека гладно се борам помеѓу желбата за чист воздух и чадот од цигарите кои ме турка во некоја безизлезна состојба која почнува да ми се допаѓа. Се чувствувам пропаднато додека ги чувствувам солзите на врвот од клепките и не знам дали се од беспомошност или од некое сеќавање со кое не можам да се справам.
Ја оставам цигарата да догори во пепељарата и го земам пенкалото кое љубопитно сјае со таа негова чудна металик боја. Ги затврам еден миг очите и се обидувам да дојдам до некој дел од мене кој повеќе не знам дали постои. Долго време помина од последниот пат кога успешно си играв со зборовите како да беа само мои. Сега ги чувствувам збровите како се вртат околу мојата глава како некој зарѓан рингишпил, обидувајќи се да се слеат на празниот лист хартија кој осамено зјапа во мене. Не се осмелувам да напишам нешто, се плашам однапред од неуспехот и овој синдром на „празна страница“ што ме зафати и мене. Се обидувам да почувствувам нешто во мојот облик на халуцинации, но не добивам некое чувство освен обична исцрпеност и премореност. Се губам во црните штикли немарно фрлени на подот, на марамчињата со црна маскара и пудра, во спомените за пред некоја вечер кога светот и јас ми се чини си го кажавме последното збогум. Се губам и во чашата која за жал сега нема вино, во мирисот на влага, на пот и цигари, мирис на расипаност и безнадежност, гнилеж и очај...
Пред да сфатам зборовите сами излегуваат од моите прсти, се губам во умешноста на пишувањето, на неколку букви кои се спојуваат во зборови а потоа во реченици. Посакувам за миг и јас да бидам девојка од мастило, да живеам во книгите, да оживувам додека некој читател ќе ја чита книгата и одново и одново ќе се губам во истите авантури. Посакувам моќ, авантура, желба, среќа, болка, очај и немири. Посакувам клиширани љубовни приказни, неискусни писатели, крвта и потта кои се разлеваат по страниците а никој не ги забележува. Запирам на средина од приказната, чувствувајќи се наполно исцрпена. Станувам бавно од столот од каде што којзнае од кога се немам помрднато и одам до купатилото каде што набрзина се туширам. За миг ми се чини дека ја повраќам сопствената свест, барем она мало делче на реалност кое ми останало по целиот алкохол и си дозволувам да се отпуштам. Потребна ми е масажа, потребен ми е сон и некој добро да ја зачисти собата. Го отворам прозорецот и уморно се струполувам на креветот. Ги затворам за миг очите, повеќе го нема оној страв од сликите што ќе испливаат пред очите.
Ја прегрнувам перницата и воздивнувам. Го земам мобилниот и го вртам неговиот број, сфаќајќи дека очајно посакувам да му го слушнам гласот. Не знам како, не знам ни зошто, но има нешто во неговиот глас кој ме доведува во некоја состојба на смиреност и ми ја враќа реалноста. Ги чувствувам и солзите кои се слеваат по лицето пред тој да ми одговори, станувајќи свесна дека се имам претворено во едно мало девојче кое се плаши од светот и љубовта и сето она срање насобрано пред вратата што не можам да ја отворам и да излезам во надворешниот свет.
Неговиот глас ми буди некои чудни емоции, ми се допаѓа таа нота на збунетост и поспаност, можам да го замислам како отсутно размислува што да каже, но секогаш ги пронаоѓа вистинските зборови. И не ми се потребни јунаци од книги, ниту фраери, доволен е само овој миг на иснпирација кој тој го вдахнува во мене, тоа чувство на адреналин кое си игра со моите вени и по после толку време ме прави да се чувствувам жива. Но, уште поважно помеѓу облаците го пронаоѓам своето Сонце кое успешно ги брише сите дождливи денови. И во тој скапоцен момент што си го дозволувам да бидам среќна без никакви прекршени правила од листата на општеството, насмевката ми е повторно онаа детска и безгрижна...

Subscribe to:
Posts (Atom)
.gif)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.png)
.gif)